Теста за вашата агилност

Илиноис тест, пргавоста на испит

Агилноста, брзината, координацијата се психо-моторни способности за кој во професионалниот спорт се одвојува значително време во тренажниот процес. За да се мониторира напредокот најчесто се изведуваат тестови со кој се прави пресек на моменталната состојба и се врши споредба и анализа со претходни резултати од истите тестови.

 Еден од најупотребуваните тестови за проценка на Агилноста е Илиноис тестот (Illinois Agility Test – Getchell, 1979), овој тест е дизајниран да ја процени вашата способност за забрзување и за брзо свртување под различен агол и во различна насока.

Тој е лесен и едноставен за изведба, не ви е потребно многу опрема,  доволно ви е да одберете соодветна подлога (атлетска патека, рамна тревната подлога, паркет) соодветни обувки за да избегнете нестабилност и лизгање при острите завои.

Целта на тестот е за најкратко можно време да ја поминете рутата која е со строго одредена шема на свртувања и при тоа да избегнете контакт со конусите.  

Потребни реквизити

  1. Хронометар 
  2. 8 конуси
  3. Метро за мерење должина

Поставување и изведба на тестот

  • 4 конуси (крајни) се поставуваат за да ограничат поле во форма на правоаголник со должина 10 метри а ширина 5 метри
  • 4 конуси (внатрешни) се поставуваат по должина на централната линија на правоаголното поле на еднаква оддалеченост помеѓу себе од 3,3 метри.
  • Определете кој од страничните крајни конуси ќе биде пункт за старт на тестот
  • Стартот се изведува кога од надворешната страна на стартниот конус испитаникот легнува во позиција за склек со главата паралелно поставена со стартниот конус.
  • На даден сигнал, со максимални усилија ја поминува рутата за што пократко време
  • Тестот се изведува 3 пати со пауза помеѓу изведбата од 3-4 минути,  на крајот се зема најдобриот резултат.
  • Тестот можете да го сретнете со мали модификации во стартната позиција на испитаникот (низок или висок старт) наместо завивање околу крајните конуси тие само се допираат, или во помала раздалеченост помеѓу внатрешните конуси итн.
Табела за споредба на резултати
  • Пол             Одлично    Над просечно        Просечно      Под просечно       Слабо
    Машки      <15.2 сек     15.2 – 16.1 сек    16.2 – 18.1 сек    18.2 – 19.3 сек      >19.3 сек
    Женски     <17.0 сек     17.0 – 17.9 сек    18.0 – 21.7 сек    21.8 – 23.0 сек      >23.0 сек
Светскиот рекорд во изведба на Illinois Agility test го држи Ник Валд со време од 10.28 секунди. Овој рекорд е поставен во 9-ти Декември 2011. претходно рекордот го држеше Џејмс Ален со време од 11.42 секунди

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија