Чекоров – после полу следи цел маратон преку јаже

Некаде во пролетниот период минатата 2015 година го имавме Александар Чекоров со неговиот прв истрчан (или можеби повеќе искокан) полумаратон во Нови Сад, а овој викенд на домашен терен на Скопски Маратон, тој реши да се проба на цел. Решивме да го прашаме лично за оваа неспецифична дисциплина…

Познат како долгогодишен маратонец и човек кој зад себе има и повеќе важни ултрамаратонски остварувања, Александар Чекоров од пред некое време се ориентираше на една интересна дисциплина – трчање на поголемите атлетски дистанци со прескокнување на јаже. Од лично искуство знаеме колку е интересно кога ќе видиш некој што трча маратон прескокнувајќи на јаже, па затоа решивме да го потпрашаме нешто повеќе за неговиот прв цел маратон од овој тип. 

„Ова e прв пат да истрчам цел маратон со прескокнување на јаже. Мотивот ми беше да постигнам време подобро до 4ч и 29 мин, што е актуелниот Гинисов рекорд, но работите на одеа како што требаше. Уште лани го видов рекордот и решив да пробам како ќе оди. Додека вежбав на кеј почувстував радост додека го правам тоа и решив да продолжам со вежбањето.

Така после некое време се решив да учествувам на полумаратонот и тоа во Нови Сад, тоа ми беше првиот полумаратон истрчан со јаже. Искуството беше интересно, а во исто време и напорно и ми укажа на некои нови аспекти кои требаше да ги совладам.” – вели Чекоров. 

Најдоброто време на маратон поминат со скокање на јаже го држи Крис Баронод Канада на маратонот во Отава, Онтарио поставен уште во 2007 година. 

Самата техниката е специфична бидејќи специфично е и трчањето и дишењето, а во исто време, доколку се следи правилото да не се трча без прескокнување, не може да се движи без прескокнување (за разлика од класичното маратонско трчање каде може да се комбинира и одење) што го прави уште потешко.

„Сепак покрај тешкотиите, од друга страна самото прескокнување ви дава голема внатрешна радост, насмевките кои ќе ги видите од луѓето покрај кои поминувате. Лично многу ми помага што долги години практикувам техники на медитација на срцето на духовниот учител Шри Чинмој кои ми помагаат да го фокусирам умот и најдам внатрешната сила и инспирација во срцето потребна за ваквите подвизи.”

Во 2014 пак, Чекоров заедно со неговиот пријател Александар Смилков успеаја да го срушат Гинисовиот рекорд за буткање на автомобил – читајте го интервјуто ТУКА

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија