Љубов во теретана – Љубов во животот

Да се растура во пар и не е така лесно, треба посветеност, истрајност и секако љубов. Животниот стил што го живеат Игор и Билјана Ристовски како сопрузи, партнери во вежбањето и партнери во работата се темели врз нивната страст да бидат активни, полни со енергија и да се надополнуваат во секој сегмент. Затоа поразговаравме со нив за  да ни го доближат нивното спортско боди билдинг секојдневие од типот „Драга подај ми ги теговите, сега драги само да ја завршам сплит серијава.“

Како започна вашата тренинг љубовна приказна, дали се запознавте во некој фитнес центар или тоа беше на некое друго место?

Се запознавме во 2004 година во Боди Билдинг Клуб Анастасија, каде што во тоа време редовно трениравме. Запознавањето дојде спонтано, нормално со разговор поврзан со тренингот. Тоа беше само вовед. Потоа, согледавме дека покрај тренингот делиме и многу други заеднички особини и интереси. Се вработиме во иста компанија, двајцата имаме успешни кариери, така што се останато дојде само по себе. Пред, скоро две години, ја крунсавме нашата врска со брак.

Кога започнавте да се бавите рекреативно со боди билдинг, односно со каков спорт се бавевте претходно?

Игор: Јас се занимавам со спорт од својата 12 година. Прво започнав со кошарка, активно тренирав до својата 18-та година. Во меѓувреме имам мало искуство со тренирање бокс и пливање. Од својата 18-та година започнав да тренирам бодибилдинг во теретана и од тогаш тоа е мојот животен стил.

Биле:Јас се занимавам со спорт од 16 годишна возраст. Прво започнав со аеробик, од 16 до 18 години, а потоа продолжив со бодибилдинг, се до денес.Бидејќи боди билдингот ви е животен стил и на двајцата дали можете да се замислите без редовен тренинг?

Апсолутно НЕ. Бодибилдингот е токму тоа – животен стил, а во нашиот случај успешно е имплементиран во секоја сфера од животот.

Што ве мотивира постојано да тренирате и да се одржувате во форма, и колку заедничката страст кон вежбањето ви помага да се поткрепувате во тренингот?

Внатрешната мотивација, е клуч за да се одржи континуитетот, што е од суштинска важност во нашиот животен стил. Во случајот кога двајцата партнери делат иста страст и желба за тренинг, мотивацијата е дуплирана.

Шансата да се потклекне или пак да се случи пад, без оглед дали се работи за моментален пад во мотивација или за одреден временски период, е двојно помала. Тоа е што се однесува до психолошкиот момент.

Сите други бенефити од вежбањето, (здравиот хормонален баланс, мускулната сила, психолошкиот развој…итн) претставуваат мотивација сами по себе и создаваат еден вид психофизичка зависност.

Игор: Јас одсекогаш ги советував помладите и помалку искусните од себе, да си пронајдат мотивација што ќе ги води, без оглед што и да представува истата. Кај секого е различно. Јас тренирам редовно, веќе цели 13 години, така што мојата мотивација се менувала во текот на тој временски период.

Поголемиот дел од тој период мојата мотивација и движечка сила во моментите на слабост ми беа и сеуште ми се моите најдобри пријатели. Кога најблиските пријатели се шампиони како Тоше Зафиров, Дејан Пауновски, Зоран Колевски и други, невозможно е да се остане без мотивација. Мојот најдобар пријател, а воедно и кум – Дејан Пауновски кој што е и балкански вицешампион во бодибилдинг е мојата вечна мотивација. Секако, во овој момент, главната мотивација е мојата сопруга, начинот на кој што ме поддржува, охрабрува и гледа.

Биле: Главен мотив за да започнам да се занимавам, воопшто со спорт, беше мојата телесна тежина, што не беше загрижувачка, но мене лично ми пречеше во физичкиот развој. Во изминативе години, главен мотив е мојот сопруг, од кого добивам огромана поддршка, големо разбирање, секако и корисни совети.

Колку пати неделно тренирате и дали постојано тренирате заедно?

Тренираме 4-6 пати неделно, зависно од периодот во годината. Во период на пролетни и летни месеци, тренираме и по 2 пати дневно (аеробен+анаеробен тренинг). Тренираме заедно секогаш кога обврските го дозволуваат тоа, зависно од работата. За среќа, почесто тренираме заедно одколку одвоено.

Која вежба односно тренинг ви е најомилен и колку експериментирате со нови вежби и методи на тренинг?

Игор: Не би можел да одвојам омилен тренинг. Уживам во секој тренинг, за секоја мускулна партија посебно. Не сакам да експериментирам, се држам до основите.

Биле: Уживам во секој тренинг, освен можеби во тренинг за гради, што не ми е баш омилен. Од време на време, применувам нови методи на вежбање, но не често бидејќи сепак, за

Кој е главниот по дома што се грижи за исхраната и кој најчесто готви за да се задоволат потребите од здрав оброк?

Игор: Изборот на намирници е заеднички. Секогаш пазариме заедно и со голема страст. За исхраната и готвењето се грижи Билјана, бидејќи е многу вешта во кујната и припрема превкусни здрави, виско протеински и ниско-калорични оброци.

Соддветната и правилна исхрана е клуч за подобри резултати. Што најчесто преферирате и како ја дозирате и конципирате вашата исхрана и суплементација?

Во овој случај, успеавме да направиме интересен спој помеѓу професијата и пасијата. Со оглед на тоа што нашата професија бара умешност во работење со Ms Office пакетот, пресметки, презентации итн. Имаме изработено мала софтверска алатка, што ни помага во следење на телесните масти, а соодветно на тоа ни помага и во изборот на количината на калории.

Сето тоа, го правиме со едноставно внесување на количини (во грамови) на соодветни продукти, а потоа софтверот сам пресметува калории од протеини, јаглехидрати и масти и тоа вкупно и на килограм телесна тежина. Тоа е во однос на дозирањето и многу е прецизно.

Најчесто преферираме органска храна, житарици, свеж зеленчук и овошје (преферираме да го конзумираме сиров), јаткасти плодови, семиња, немасно месо, риба, јајца итн. Балансираната исхрана, квалитетниот сон и рекреативното спортување се еликсир на младоста, како духовно, така и физички.

Колку пати во неделата правите кардио тренинг?

Зависно од периодот од годината и од условите. Преферираме да немаме помалку од 3 тренинзи неделно, а во пролетните и летните периоди кардио правиме по два пати на ден.

Дали планирате настап на некој од домашните натпревари и дали досега имате такво искуство?

Дефинитивно не. Немаме такво искуство, ниту пак имаме такви или слични амбиции. Овој спорт, го тренинарме поради лично задоволство, така што натпреварите не ни се предизвик.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија