Вежбањето може да нè натера помалку да јадеме

Она што досега беше помалку познато и јасно е дали одреден тип на тренинг има можност било како да делува врз последователниот апетит. Од неодамна почнаа обсервации и на оваа тема, а резултатите велат дека треба добро да се изморите и испотите!

Интензивните тренинзи во форма на интервали кои побаруваат големи напори, а имаат кратко време на рекавери се особено популарни во последно време и без разлика колку се кратки или долги тие имаа докажани позитивни ефекти со што го зголемуваат аеробниот капацитет и подобруваат бројни маркери на здравје (крвен притисок, сензитивност на инсулин итн.).

Но, она што беше помалку истражено во оваа област е како различниот интензитет на тренинг влијае врз желбата за јадење, а со тоа индиректно и на контролата на тежината. Една австралиска студија летово почна да обсервира каков ќе биде нивниот апетит по просечно вежбање и после сериозно истоштувачка тренинг сесија. 


 Би можело да ве интересира – Апетитот под контрола


Во истражувањето учествувале 17 мажи со повисока тежина кои во рок од четири дена биле подложувани на 30 минутни тренинзи, почнувајќи од најлесна варијанта на статичен велосипед до исцрпувачки интервален тренинг. 

70 минути по тренинзите била служена вечера (без одредени ароми за да не се делува стимулативно), а од сите четири наврати, апетитот (изедената количина) бил најголем после првиот ден (најлесната вежба) а во продолжение константно се намалувал за да го достигне минимумот по исцрпувачкиот интервален тренинг на четвртиот ден. 

Дополнување на студијата биле и намалените нивоата на грелин во крвта, хормонот кој стимулира апетитот, и високите вредности на лактати и шеќер во крвта после потешките тренинзи. 

Топењето на масти што е неизбежно кај секој високо интензивен тренинг, заедно со овие пронајдоци укажуваат добрар тренинг избор за слабеење!

Се очекуваат дополнителни студии на оваа тема сè со цел да се докажат овие ефекти и кај жените и постарите лица. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија