Апетитот под контрола

Повисоко ниво во тренингот, не мора да значи парче плус во чинијата.

Да се одржи балансот помеѓу тоа да изедете доволно пред вежбање и да имате оптимална енергија, а да не претерате по вежбањето со еден куп калории е невозможно за почетниците, понекогаш збунувачко дури и за оние најискусните.

Апетитот редовно напаѓа после добро истрошување, па често се случува и целото размислување да ви биде насочено кон тоа да се почастите за доброто потење со нешто големо и масно.

Скорешните истражувања поттикнуваат нова дебата – дали е возможно да се вежба без да се јаде повеќе во имедијатните часови по вежбањето? Според Паул Спектор, тренер во реномираниот ланец Equionox вистинското прашање се однесува на тоа како да ја максимизирате потрошувачката на мастите како извор на енергија. 

Пред да вежбате земете храна со низок гликемичен индекс, која според Спектор ја зголемува потрошувачката на маснотии. Всушност појадокот со низок гликемичен индекс може да го „запали” вашиот метаболизам на подолг период од денот.

За време на вежбање избегнувајте јаглехидрати. Истите може да го попречат ефектот на оброкот кој сте го консумирале пред вежбањето.

После вежбање главен извор нека ви бидат протеините, а вметнете и сложени јаглехидрати за енергија. Во овој период важно е да ја избегнете масната храна. И за крај почастете се и едно добро кафе, бидејќи кофеинот ќе го стимулира телото да произведува гликоген, наместо масно ткиво.

Ако правилно го „натанкате“ организмот со вистинското гориво, нема да ризикувате од прегладнетост и посегнување по сите истрошени калории, па и вишок од нив.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија