Фалафел

Веганско ќофте со интересно име и безброј варијанти, а секоја вкусна.

 
  • 400 г наут (200 г сув наут, нараснува речиси дупло)
  • 1 мал кромид
  • 3-4 чешниња лук
  • 1 голема лажица брашно
  • 1 лажичка ким
  • 1 лажичка куркумин
  • сецкан магдонос
  • сол и бибер по желба
  • масло за пржење (можете да одберете поздрава варијанта како маслиново или канола)
 

Подготовка

1. Наутот се подготвува ден претходно. Се остава во сад, прелиен со вода. Наредниот ден се прецедува, се става во тенџере со свежа вода и се вари околу еден час. Ако користите конзервиран овој чекор го прескокнувате.

2. Во блендер се комбинираат сите состојки, и блендирате додека да добиете смеса која може да ја обликувате во вид на топчиња. Тука можете да и дозволите на имагинацијата на проработи и да направите и поинакви облици како плескавици или стапчиња.

3. А после, иако досадна ама неизбежна фаза на пржење во заграно масло. И не заборавајте по пржењето ќофтињата да ги поставите на хартија, да го впие вишокот маснотии.

Добар апетит!