Sport DNK

Фотографии

Објави

Веге мусака

Супер варијанта за сите кои сакаат да го избегнат месото во одличниот рецепт каков што е мусаката. 

Тостирани мекици

Во зима и ваква закуска понекогаш е дозволена. Особено ако по дома ви останале вишок оладени мекици што не ви се привлечни за јадење како предходно. 

СЗО за кафето, со едно мало предупредување

Интернационалната агенција за истражување рак пред некое време го прогласи кафето за веројатен канцероген, сега се премислија поради недостаток на докази, но сепак постои едно предупредување...

Не можете да ги прегорите печурките

Печурките се измислени за оние кои го забораваат тавчето на рингла или во рерна бидејќи во суштина, како што ќе погледнете во видеото, тие може долго да отседат во садот за готвење без тоа...

Поинаков имам балајди

Имам балајди по турски, папуцаки по грчки, полнети модри по наше. Дел од медитеранската кујна, а традиционалниот рецепт подразбира полнет модар патлиџан со лукче, кромид и домати, а понекогаш и мелено месо. И така...

Крем супа од тиквички

Зелените тиквички се огромен извор на витамин Ц. Најчесто тиквичките ги јадеме зготвени, па се губи голем дел од витамините. Со овој рецепт ќе зачувате најмногу витамини, одзема многу малку од вашето време, а...

Како пролетта го обои пазарчето?

Ново освежување во торбите и фрижидерите... Сончевите денови ни носат свежи намирници, кои секој од нас треба да ги крка секојдневно!

Легуминози – храна за секој ден

Мало богатство од протеини, минерали, витамини и уште многу други полезни состојки. Не оставајте само петочното гравче да ви биде доза легуминози преку неделата, има зошто...

Од домашната билна аптека

Домашен сируп против упорна кашлица

Ако горните дишни патишта попуштиле пред ладниот воздух или вирусите што демнат во овој период, пробајте да си направите домашен лек, пред да се стрчате кон аптеките...

Облачиња со мусли

Најздравите грицки на светот се пуканките. Први, пченката ја пукале и грицкале Индијанците, а во Европа откако во 15 век ги донел Колумбо, станале вистински хит.

Дизајн

Контролирана порција без вага и конверзија

Грамажа, собирање, одземање, таблици и бројки. Ако вашата диета се заснова на броење калории или едноставно сакате да знаете колку калории ќе „смачкате" на следниот ручек, пред вас имате сериозна задача или да им...

Чаша со здравје

Супер кефир за супер тело

Ферментирано млеко со полезни микроорганизми. Звучи како јогурт, но кефирот е многу повеќе од тоа...

Инфографик

Водич за готвење со билки

Од една страна се оние кои манџата ја зачинуваат со што им дојде при рака и секогаш е вкусна, а од друга оние кои се плашат да експериментираат. Првите само напред, а што се...

Инфографик

Кратко и илустрирано: што да јадете пред и после тренинг

Во основа треба да знаете две работи. Расположливи јаглехидрати пред тренинг за енергија која ќе ве однесе до финишот и доза протеини после тренинг за обновување на мускулатурата. Следуваат едноставни предлози склопени во еден...

Како да се одбраните од листерија?

Бидејќи пишуваме за храна и ве охрабруваме да јадете што е можно повеќе свежа и сезонска, чувствуваме должност да напишеме и збор два за безбедноста и контаминацијата на таа храна. 

Макромоќи во микропакување

Диетални влакна, минерали, витамини, протеини, антиоксиданси, здрави масти и одлични вкусови за сечија мерка. Овие се семките кои топло ви препорачуваме секојдневно да ги користите...

Чиа Фреска

Енергетски освежителен пијалок, по рецептот на Тарахумара...

Просото не е само за клукање

Иако главна состојка во комерцијалната храна за папагали, оваа житарка стои рамо до рамо со било која друга по својата нутритивна вредност, а во некој сегменти дури и отскокнува. Ова се неколку причини зошто...

Јаготките официјално нè прават најсреќни

За разлика од тмурната помисла на една модра слива или јаболко кое асоцира со ужинка за време на стресна работа, јаготките со себе носат најсреќни мисли и расположенија меѓу анкетираните.

Праски, задолжително!

За никогаш повеќе да не се двоумите дали кесата „три за сто“ да ја вклучите на вашиот бицепс од пазар накај дома.

Ви горчи ли маслиновото масло?

Според испитувањата на Калифорнискиот Универзитет, дури 44% од потрошувачите на маслиново масло, уживаат во вкусот на дефектно, старо и оксидирано масло, а вкусот на свежото (оној што има горчина во него) го сметаат за...

Чие истражување држи вода?

Неодамна вегетаријанците имаа поголем ризик од малигнитети, алергии, полошо ментално здравје, поголема потреба од медицински услуги и низок квалитет на живот. Сега добиваме податок дека неколку порции зеленчук на ден се поврзуваат со дури...

Изедете го заштитниот фактор

Летото може да делува како најдобрата сезона за вашата кожа, но под бронзената површина често се крие затишје пред бура за вашите клетки.

Мраз диета

Како вовед во летните горештини (иако уште се шетаме со јакни) еден нов принцип на држење диета.

Колку стрес ви додава диетата?

Стрес на работа, стрес накај работа, стрес дома, стрес пред банкомат, стрес насекаде. Колку стрес плус добивате кога сакате да симнете некој килограм со помош на диета?

Суперхрана ама наша

Што би купиле попрво? Азуки грав или бел грав? Модра слива или умебоши слива? Гоџи бобинки или дренки? Додека даваме денарчиња за скапи егзотични увозни "суперхрани" забораваме дека нашето топло македонско тло веќе одамна...

4 нутри совети за посладок сон

Ако сте од оние кои бескрајно бројат овци во ноќта, пробајте некоја од овие мали промени во исхраната, може ќе ви направи голема разлика...

Матична билка за сечиј двор

Се користи во индустриски, фармацеврски, кулинарски и козметски цели. Матичњакот е една од најразноврсните билки кои ги имаме на дофат. Оној кој ние го набравме заврши во еден одличен рецепт,...

Грицкај сурово какао и мисли беспрекорно

Острилка за мозок – Какао

Радовното консумирање на какао може да ја подобри когнитивната способност и на стари години.

Климактерични нутри задолженија

Драги дами, ако пораснавте со плочите на Чолиќ и шетавте на корзо, во оваа деценија веќе би требало да ви се случуваат големи промени во телото. Менопаузата како и да е доаѓа, финтата е...

Бургер од цвекло

Главниот актер во овој бургер е плескавицата, a салатата и намазот ги оставаме на избор според личен вкус...

Ѓумбирова сол

Овој микс на морската храна и дава сосема нова димензија, може да послужи и како зачин за салати, за супа или за посолување врз обарен зеленчук. Во секој случај ќе ви ги исполни и...

Едно поинакво јајце

Вистински предизвик е да се прескокне јајцето во рецепт каде што истото е главниот поврзувач на состојките.

Кога здравата храна ќе почне да дебелее

Ова се неколку примери како оние здрави намирници, преполни со нутритиви кои добро се одразуваат врз телото, во само еден миг може да се претворат во супстрат за дебелеење. Затоа проследете ги добро, пронајдете...

Бенефити од глуварчето

Глуварче - тоа е она бело облаче што под најнежниот детски здив се разлетува на стотици "опасни" семчиња. Ама нема потреба за затнување уши, од глуварчиња не се оглувува, единствено можете да побрзате и...

Булгур – повеќе од скршена житарка

Кога пченичните зрна се сварени, дехидрирани, искршени, па сортирани по големина крајниот резултат е булгур т.е. азиска "паста" ама не е толку важен техничкиот процес како што е вкусот на она што се добива...

Салата со булгур

Од исток кон запад булгурот си е познат по своите здравствени придобивки, а оваа салата дополнително ќе ве освежи со витамин Ц од портокалот. 

Кескул

Далеку од сите традиционални шербетни турски десерти...

Кари наут

Искусете ги хранливите придобивки од наутот со овој рецепт...

Чоколадни факти

Во познатата сцена под туш од Хичковиот "Психо" како вештачка крв било користено течно чоколадо... 

Преку бебешки чекори, до големи промени

Некои навики е тешко да се сменат ама овие неколку совети ќе ви дојдат како одлична отскокна даска во мисијата да се погрижите за себе. Ако не ја остваривте досега новогодишната резолуција, ништо не...

Хеви метал ама само за на концерт…

...појадокот го сакаме класичен и безметален. Откако се крена прашина околу влијанието на тешките метали врз здравјето и се истите се поврзаа со деменција, болести на срце, невролошки заболувања и аутизам, велнес поборниците...

Најтешката задача за најмалите – олеснета!

Што се случува кога на учителката ќе ѝ здосади врзување панделки на детските патичиња? Или сите дечиња ќе се препкаат на патот кон дома од немирните врвки или ќе се зароди една нова генијална идеја...

Герсонова терапија

Станува збор за алтернативна метода за лекување на хронични болести или канцер, која како и повеќето други алтернативни методи се заснова на посебен режим на исхрана. 

Сте за едно вакво залаче?

Што велите за источно европско суши? Зборуваме за вкусови како познатата Борш супа или пак традиционалното ќофте, само спакувани со минималистичката азиска естетика. 

Зашеќерени бројки со горчлив крај

Шеќерот го уништува здравјето, но остава и лоши последици по економијата. Според банкарскиот конгломерат „Кредит Суис" неограничената консумација на „белиот отров“ е причина број еден за финансиско оптеретување на здравствениот систем.

Што се антиоксиданси и која е нивната улога?

Антиоксидациска лекција

Лекција вредна за читање, ако планирате да имате или веќе водите здрав живот.

Како да ги анулирате постпразничните килограми

Богата трпеза, калорична храна и празни флаши е синоним за добра слава на нашиве простори. Ако ја додадете и физичката неактивност во празничниот период, вагата може да ви стане најомразениот непријател. Како да го...

Дива ризница на витамини – Шипка

Дали знаете дека шипката има толку многу витамин Ц, што и после долготрајната термичка обработка до слаткото задоволство наречено мармалад од шипка, останува доволна концентрација од овој витамин во тегличникте на полицата.

[Инфографик]

Како да ја склопите перфектната салата

Склоп од малку зеленчук, семки или јатки за крцкање, доза дресинг и зачин за интензивен вкус, па можеби и овошје за разблажување и тропски ефект ќе се сумира во една одлична салата за доза енергија...

Лекција вредна да се сподели

Ентомофагија?!

Што е вкусно, полно со протеини, го имаме на залиха и не го јадеме? Бубачки!

Киви како приспивна

Зелениот шмек во секоја овошна салата може да ви послужи како приспивна песна, ако имате проблем со спиењето.

Во свет без банани?

Кога на културата ѝ се заканува сериозна чума, се подзамисливме што се би изгубиле ако бананите ги снема од пазарчињата.

Топ 10 диети за 2013

Заокружени најпребаруваните диети за оваа година година. Извлекуваме интересен и позитивен заклучок...

Оваа лушпа не смеете да ја фрлите…

...затоа што ризикувате да бидете во огромна загуба. Всушност лушпата од лимон претставува најевтината инвестиција во вашето здравје, која ќе ви се врати повеќекратно.

И на апетитот му треба тренинг

Зацврстете ја врската помеѓу телото и умот за да бидете во целосна контрола и научете да ги слушате повиците за храна и ситост.

Би готвеле ли вие со кујнскиот Робокап?

Во последно време, со вревата што се крена околу 3Д испринтаната храна, очекувано беше да се појави и прототип на кујнскиот 3Д принтер. Запознајте го Фудини, за некој иднина, за некој решение, за некој...

Изберете го најздравиот меѓу здравите

Кој не се сложува дека житните десерти се одлична ужинка, нека го напушти часот. Кој се сложува и ужива во нив нека прочита 4 правила за одбирање на најздравиот житен десерт. 

Мала финта за стрвните грицкачи

Дали ви е позната оваа ситуација? Седнувате да гледате филм, пред вас се наоѓа чинија грицки. 3-4 сцена од филмот, вашите прсти се обложени со масло и сол, а вие си ги оближувате усните....

Невегетаријански Е-бројчиња

Зад која E-шифра се кријат адитивите од животинско потекло? Листа за во паричник пред да одите на вегетаријански шопинг.

Сладок лек за болното грло

Прва анатомска структура на удар од ладниот воздух се токму грлото и гласните жици, па ако веќе моткате шалови околу вратот и не можете да пуштите глас, туку само шепкате заради воспаление на гласниците,...

Анатомија на мускатното оревче

Отворете ги вратите за празнична арома и еден куп пријатни спомени, кои ќе ви ги донесе еден пар од минијатурно ренде и едно ароматично оревче.

Недела посветена на брокулите и карфиолот

Креч карфиол или шарена брокула?

Дали е брокула или карфиол не сме сигурни. Сигурни сме дека изгледа како карфиол на прв поглед, а има вкус на брокула. Сигурни сме и дека е премногу забавно да се

Клучниот фактор за подмачкани зглобови

Ползата од максимално уживање во брокулата тргнува во сосема нов правец. Веќе не е само антиканцероген борец богат со антиоксиданси, туку и подмачкувач на зглобните површини.

Виолетова касерола

Феноменална вечера за споделување со пријателите, цимерите, домашните, љубените, а како главен актер, виолетовата брокула (или карфиол, не сме сигурни). Прсти да излижеш.

Зимска идила

Чорба од брокула

Наменета за ладните зимски денови, за стоплување и најадување.

Ок ли е смрзнатиот зеленчук?

Подобро ли е во некои случаеви да одберете замрзнат зеленчук во замена за нешто "свежо", а сепак прекуокеанско? Одма ќе ви кажеме, да!

Витамин Ц до максимум

Ако сте загрижени за количината на витаминот Ц и се прашувате дали вашата техника на подготовка на храна е исправна, повелете неколку диетални принципи за максимално зачувување на овој лабилен витамин.

Анти-пестициден водич за купувачи

За да една овошка или зеленчук биде таква каква што е на рафтот во маркетот, свежа и неоштетена, понекогаш е поплавена од пестициди, "заштитни супстанци" од паразитите за нејзе, но штетни за нас и...

Кимни му на кимот

Дали сте и Вие од оние кои како деца го тргаа кимот од кифличките на мама?! Испаѓа дека мама знаела зошто упорно секоја тура повторно ја зачинува...

Алкализирај се преку својата диета

Кога освен за симнување на некој килограм, сакате да го подобрите здравјето и да си додадете некоја година плус, а да изгледате 5 години минус...

Еден поинаков рецепт

Само во првата половина од минатата година биле препишани и издадени рецепти за околу 8.8 милиони лeкови, според податоците на ФЗОМ, од кој најголем дел за...

Најважните минерали за вашата телесна машина

Зголемена потреба или намален внес? Без разлика кој механизам на недостаток на минерали се случува, истиот може да се одрази преку низа непријатни симптоми... Ова се петте најважни минерали за кои треба да ги...

24 часовни вегетаријанци, еднаш во неделата

Концепт наменет за сите кои се сакаат себе си и сите кои сакаат планетата Земја да не служи уште долго, долго. Концепт за сите финалтропи кои ќе направат чекор за природата, но и за...

Виолетовата од виножитото

Колку е потемна бојата на зеленчукот, толку е поголема концентрацијата на антиоксиданси. А виолетовите тонови во природата се прилично темни. Еве што добивате од оваа боја...

Кратка историја на млекото

Зошто па баш ние пиеме млеко?

Една неодамнешна генетска мутација е одговорна за ден денешното пиење млеко, а трагите водат не подалеку од нашиот нос.

Ќофтиња од тиквички

Подготвувачот го советуваме за време на пржењето да се заклучи во кујна, бидејќи кој како влегува со по едно ќофте во рака излегува.

За сите домаќинки кои не станале од компјутер

Ама комплетно истите кулинарски команди за правење гурабии и други слатки може да се пронајдат во фотошоп, нормално само треба да знаеш да го работиш и малку да експериментираш. Дизајнерки, навалете!

Од домашната билна аптека

Ако аспиринот и аналгинот се задолжителни во шкафчето во купатило, ова се билките задолжителни на прозорот во кујната, а богами и во секое тавче.

Амарант – храна по сите мерки

Ова е главната состојка помешана со малку мед во колаче наречено dulce de alegría (колаче за среќа). Освен насмевки на лицата, ова е состојка и за среќни стомаци.

А со холестеролот шо праиме?

Проблематикава не е резервирана само за постарите и оние со прекумерена телесна тежина. Сè повеќе млади и сè повеќе просечно конституирани се најчеста клиентела во сендвичарите и пекарите, па добиваат резултат од крвна слика -...

Портокаловата од виножитото

Сезонава си бара печена тиква, со душа ги чекаме јапонските јаболка и веќе сериозно ги ставаме цедалките за портокали во функција. Еве го бенефитот од портокаловата боја во вашата чинија или чаша.

Храна за железна крвна слика

За најлесно надополнување на железните резерви преку исхраната и да си немате мака со анемии, бледило, вртоглавици, повелете некоку продукти, набогати со железо, за оние 18 милиграми за жени и 8 милиграми за мажи...

Калинка – скапоценост во лушпа

Растат ли и под вашиот прозорец рубини? Буквално сигурно не, иако би биле пресреќни да е така, но во метафоричка смисла можеби и растат.

Диетален мулти-таскинг

Зошто јадете овошје и зеленчук? Витамини, минерали, вода, можеби фитонутрициенси и антиоксиданси, а никогаш не ви текнува на еден елемент кој е навистина мултитаскинг.

Следна во овошната салата – смоква

Едно од најстарите овошја на светот е смоквата. Волчицата на Ромул и Рем се одморала под смоквино дрво, првата „облека" на Адам и Ева биле листови од смоква, а плодовите ѝ биле омилени на...

Си посолуваме срцеви болести

Кога седнувате на ручек и се фаќате за соларчето пред воопшто да го вкусите јадењето си „насолувате“ многу повеќе од само вкусова дразба.

Чоколадна криза?

Дали всушност кога секоја ваша клетка извикува „чоколадо“, токму тоа е она што телото го бара? Се испоставува дека сепак можете да ја прерипнете чоколадната коцка, бидејќи всушност кризата е само за еден елемент...

Колку шерќерно е токсично?

Според едно испитување извршено врз заморчиња, шеќерот дури и во границите на онаа количина која се смета за безопасна може да има токсичен ефект на подолгорочен план.

Детокс без мака

За целосна детоксикација, особено ако сте бивши или сегашен маченик на диети, не мора да се држите само до цедени сокови и сурова храна. Повелете некој совет за како да се детоксицирате на полесниот...

Дамски прсти во кујна?!

Кога во турлитава ќе се замешаат „дамски прсти“, само во еден случај испаѓа нешто вкусно. Кога „дамските прсти“ се англискиот термин за бамја.

Јатки, на дланка

Прилично ефективен инфографик за најосновните работи што треба да се знаат за јатките, какви и да се. Имајте ги вака на дланка, а и каснете некоја.

Природен допинг?

Ем за издржливост, ем за опоравување. Научно докажано, лубеницата го добива овој епитет.

Како се зауздува кофеинот

Августов е можеби повеќе за пивце, но се ближи почетокот на нов циклус учење и злоупотреба на кофеин, а и за сите целогодишни кафе-џанкери еве неколку чекори да се справите со ситуацијата кога срцето...

Согоруваме масти со јадење масти

Да, звучи како некој оксиморон, сепак за сите новајлии, мастите се есенцијални за живот, а според поновите истражувања и есенцијални за симнување на уште некој сантиметар од колоковите.

Плава и здрава

Во ред е и како мармалад, но дајте додека се свежи. Има зошто.

Алерген против алергија?

За алергичните на храна на потенкиот крај од алергијата е фрустрацијата од неможноста за јадење на некоја храна (нели забранетото е најпосакувано), а на подебелиот крај е опасноста што демне дури и од најмали...

Баварски перечиња

Што ќе чекаме Oktoberfest кога можеме и по дома да се освежиме со тенка чаша добар пилс и вкусен баварски перек.

Рикота ама наша

Оригиналната рикота се прави од сурутка, но за нас и ова беше супер кулинарско искуство. Ако имате рецепт за рикота од сурутка слободно споделете.

Бидете здрави за евтини пари

Јога часови, органско овошје, свеж лосос, часовник за мерење пулс, држачи за телефони на бицепс, на зглоб... сигурно ви удираат јако по џебовите, а факт е дека поскапите патики не истрчуваат повеќе километри.

Млечни vs. растителни „млечни“ производи

Кога во продавница ќе се фатите за грутка сирење со екстремно ниска цена и ќе бидете благодарни дека некој ви го поштедил џебот, можеби ќе сакате да прочитате во составот дали навистина тој некој...

Зелената од виножитото

Зеленилото колку што е добро за одморање очи и зголемување на работната способност во овие неподносливи жештини, толку е и добро за примање на супер дози нутрициенси и освежување. Ако начекате зелено, еве зошто да...

Песто за зглобови на место

Ако досега уживавте во италијанската кујна еве причина повеќе, без грижа на совест, да смачкате уште некоја доза паста со најпознатиот италијански прелив.

Хумусот на Зохан

За да ја вкусите источната кујна, а истовремено да примите една добра доза на протеини и диетални влакна, посегнете по овој лесен за подготвка намаз.

Храната е поздрава во пар

Ако знаете како храната правилно да ја искомбинирате, можете да ја зголемите апсорпцијата на витамините и минералите дури за 50%.

Авокадо за срце и струк

Колку смешно и да звучи, авокадото всушност е една голема, масна, дебела бобинка, но ниту еден од овие епитети нема да ви се залепи и вам ако почнете редовно да го консумирате.

Витамински дефицит – телото ќе ви каже

Кога вашето тело се обидува да ви каже нешто, пример дека ви фали некој круцијален витамин, понекогаш се послужува со чудни знаци. Добрите вести се дека најчесто витаминските дефициении се корегираат едноставно со балансирана...

Лекција за железото

Дали железото од парчето црвено месо е исто со железото од спанаќот на Попај?! Ако се мислите за одговорот на ова прашање тогаш ова е задолжителна лекција по биохемија (без формули, ветуваме).

Фалафел

Веганско ќофте со интересно име и безброј варијанти, а секоја вкусна.

Салата од печурки

Оваа салата може да се подготви како додаток на главното јадење, но многу лесно може и да го засени, особено ако сте љубител на магдонос.

Младо друштво на велосипед

Како најмалите да добијат добра доза забава на отворено, а мама и тато да си останат активни родители. Во продолжение следуваат неколку решенија за остварување на оваа желба.

Малиот цвет со големите моќи

Многу фолклор и многу љубов. И додека некои жени во средниот век гореле на клада бидејќи ги опивале мажите со мирисот на лаванда, денес мажите треба да се им се заблагодарат на оние кои...

Кајсивче свежо

Изгледа како единствениот проблем кај кајсијата да е краткиот период на берба. Ако не сакате да бидете од оние чие што лето изминало без оклугливе задоволства, навалете на берење, јадење, пазарување тие имаат многу да...

Штракнете неколку калории

Неколку мали, ама вкусни замени, на продукти кои ги консумирате секојдневно за да го намалите калорискиот внес, без да се чувствувате како да сте на диета.

Момци, физиотопки и постилки

Ако мислевте дека пилатесот е лесен и резервиран само за понежниот пол сте се излажале. Од пилатесот можете да бенефитирате и вие.

Декорација или витаминизација?

Ако до сега гледавте на магдоносот како декорација во вашата чинија, почнете малку повеќе да го почитувате. Тој е не е присутен таму само за раззеленување.

Кој ќе дочека четврто колено?

Според едно поново истражување спроведено од институтот во Калифорнија вегетаријанската диета во било кој облик е клуч за подолг живот. Дали навистина е така?

За малку пари, многу музика

Како расол во зима, салата во пролет и лето, лесна манџа преку целата година, супа за слабеење или смоткана како добро познатата сарма, за малку пари, таа секогаш носи многу музика (читај здравје).

За да не пукаат копчиња…

Често сценарио: вежбате, затегнувате мускули, дури и можете да го напипате вашиот стегнат абдоминален ѕид, ама закопан под еден добар слој на салце. Вие продолжете го делот со вежбањето, а ние ви даваме пар совети во врска...

Матка на дланка – Шишевски

Ако ви фали идеја за кратка, но неверојатно слатка прошетка, а се наоѓате во главниот град и немате време да се впуштите во поголема авантура, ние ви подготвивме мал (скоро непристоен) предлог. Од вас...

Фабрикуван дијабетес

Хроничното консумирање на шеќерна процесирана храна отклучува цел синџир на реакции во организмот. Она „дека ќе ви се залепи на колковите" станува ирелевантно. Вашето здравје е во прашање.

Леблебија ипол

Од мистичната кујна на истокот, уште од турско на нашиве простори па се до ден денес  печената леблебија се наоѓа на грицкачкото мени. Но разберете, леблебијата не е само за со пиво, има и...

Скромната зелена пиперка…

...крие една интесна тајна. Побрзајте сезонава да се утепате од јадење пиперки пред бабите да ги сомелат во ајвар.

Гугл за на пазарче

Во ова време на долгочасовно седење пред компјутер и правење на нездрави одлуки кога станува збор за исхраната, Гугл направи еден паметен и здрав чекор.

Уредна хидратација со овошје и зеленчук

За безгрижно да си ги терате тренинг сесиите на отворено ова лето и да си немате проблем со прегревањето и високите температури еве што би можеле да консумирате покрај водата, за правилна хидратација и...

Црвената од виножитото

Од целиот спектар на овошното и зеленчуковото виножито, на пазарче во лето доминира црвеното. Повелете чифт причини да јадете повеќе црвено.

Цвекло за стамина

Запрашајте се кога последен пат јадевте цвекло?! Самиот одговор најверојатно ќе Ви укаже на тоа дека оваа репка не ја консумирате доволно, а на нашево поднебје како што успева и како што е полна...

Дали белиот ориз е навистина толку лош?

Од пред некое време започна ера на демонизација на „белата храна". Под овој термин се сместија сите продукти од бело пченично брашно, лебот, пастата, белиот ориз, па и компирот рамо до рамо со озлогласениот рафиниран шеќер. Меѓутоа дали оваа политика...

Предлог за слатко и здраво утро

Ако сè уште си немате создадено некоја здрава утринска навика, редно е да се откажете од преполните шолји кофеин и да му приредите генералка на вашето тело.

Калциферол за појаки коски и мускули

Ако веќе некое време сте фрлени на потење со цел да ги дотерате своите тела за престојната бич сезона, сигурно внимавате и на исхраната, јадете повеќе протеини, пиете вода, броите калории... стоп, а витамин...

Црешофакти

Поткачи се на цреша оваа пролет

Ако екстремно ви фалат деновите кога со маалските детски „колеги” се пентаревте по околните комшиски црешни, не се двоумете, направете го тоа повторно, бидејќи има солидно здрави причини зошто!

Босите стапала на повисоко ниво

Девојки, спремете се да ги добиете вистинските обувки и да го освоите светот. За сите љубителки на јога и пилатес и за сите гермофоби кои ги практикуваат овие вежби Nike донесоа на пазарот едно...

Веге лазања

Екстра здрава и зелена замена на масните болоњезе лазањи.

Препорачуваме документарен филм

Никогаш повеќе оброкот нема да го погледнете со исти очи

Начинот на кој што јадеме се има сменето повеќе во последните 50 години отколку што се менувал во претходните 10.000, благодарение на брзата експанзија на прехрамбената индустрија. Она што големите компании за производство на...

Штракнати во вистинскиот момент

High-speed фотографијата си ја најде комичната страна на терен и во сала. Фатени во вистинското време, сигурно и самите спортисти не можат да останат рамнодушни на фоткиве.

Дали вегетаријанците се на диета?

Статистиката вели дека вегетаријанците во просек имаат 3 до 20% помала телесна тежина од оние кои не се со ваква предодредба, но дали ова значи дека автоматски ќе бидете на диета ако сакате да...

Направете му шах-мат на грипот

Во сезоната на настинка и грип нема ништо полошо од долгата редица во аптека и еден тон вирусни честички распрскани околу вас. А и не заборавајте ги високите  цени на лековите. Затоа подобро пазарете си здравје на пазарче и направете...

Ужинка не е само за деца

Како поим, ужинката мене лично ме потсеќа на баничките со сирење помеѓу хемија и македонски на голем одмор во основно. Ама имало и ужина за големи која сите ние често ја забораваме. Време е...

Што се крие зад етикетата?

Секако дека е многу битно храната да биде привлечна за очите, но дали ова треба да биде на прво место, ако знаеме дека за да изгледа така добро производителите ја зачиниле со еден тон...

Што ни се нуди за десерт на бадник?

Еден од најдобрите начини за да ја победите кризата за благо е да лапнете некоја сушена урма или смоква, но за да го извлечете максималното од сувото овошје во нутритивна смисла треба да внимавате на неколку моменти.

Напиј се вечност

Што повеќе да побарате од чаша полна со витамини, благо-кисела вкусова сензација, малку јаглеродни меурчиња и уште многу други состојќи за кои вашето тело ќе ви биде благодарно. Комбухата е добитната комбинација. 

Дарот од боговите

Не за џабе растението од кое се добива какаото се вика Theobroma cacao што во буквален превод значи храна на боговите. Така го нарекле Маите затоа што верувале дека ни е дадено од боговите,...

Ризик што го прати вегетаријанството

Намирница помалку, не значи поедноставување на исхраната. Без разлика дали сте вегетаријанци од етички, здравствени, религиозни причини или пак само следите тренд, со овој начин на исхрана свесно или несвесно скратувате некои важни нутритивни...