Декорација или витаминизација?

Ако до сега гледавте на магдоносот како декорација во вашата чинија, почнете малку повеќе да го почитувате. Тој е не е присутен таму само за раззеленување.

Неговата витаминска палета е едно мало изненадување. Содржи огромни количини на витамин К. Во две лажички исецкан магдонос има дури 153% од препорачаните дневни вредности. Овој витамин е потребен за правилна коагулација на крвта, а исто така за регрутација на калциумот и вградување во коските. Замрзнувањето го уништува витаминот К, но високите температури не, па така можете без проблем во манџата да фрлите една рака сецкан магдонос. Сувиот магдонос ги задржува грото од нутрициенсите, но не е толку интензивен како свежиот и треба да се чува затворен на темно и суво место.

Од другите витамини во магдоносот има и задоволителни количини на витамин А, а исто така и аскорбинска киселина. Витаминот А помага во подобрување и заштита на видот, а витаминот Ц ги засилува антиоксидациските карактеристики на оваа билка.

Доминантен минерал во магдоносот е калиумот, круцијален за срцевите отчукувања и целовкупната мускулна контракција. Во спротивно при недостаток на калиум, се јавуваат мускулни грчеви, а тоа е нешто што сигурно сакате да го избегнете. Од другите минерали има мало количество на железо, калциум, бакар.

И за крај, магдоносот прави чуда за вашата кожа. Во вид на тоник или маска за лице овозможува да добиете изедначен и порцелански тен, а исто така се препорачува и кај проблематична кожа. Бидете убави и одвнатре и однадвор.