Фер трикови за слабеење

Ако сте заглавени во мал милион диети и постови после кои редовно се надокнадуваат дури и повеќе од изгубените килограми, превземете некој од овие фер трикови кои вистински функционираат.

Овесни снегулки со јатки

Јатките се сложени во својата градба и потребно е повеќе време за нивна обработка во желудникот. Ова резултира со чувство на ситост за подолг период во текот на денот. Искомбинирајте некоја јатка со јагленохидратна основа како лебче намачкано со малку путер, џем или можеби путер од кикиритки и ќе добиете одлична комбинација. Јагленохидратите ќе ви дадат енергија за старт на денот, а јатките ќе ве задоволат подолг период со што помалку ќе се чувствувате гладни.

Млеко за слабеење

Сè повеќе нови студии покажуваат дека редовното консумирање на млеко може да доведе до целокупно намалување на мастите во телото, особено кај жените. Луѓето кои редовно пијат млеко имаат повисоки вредности на витамин Д кој се поврзува со слабеењето, а чисто да си знаете дека голем процент од популацијата се во недостаток на овој витамин.

Јајца за доручек

И можеби е супер што како народ си имаме традиционално вакви дневни стартери за оброк. Протеините на мени за појадок се асоцирани со слабеењето. Поврзаноста на високо протеинскиот појадок и губењето на килограмите од неодамна е истражувана и покажа дека всушност јајцата, сирењето или било каков друг протеински појадок може да помогне при слабеењето повеќе од јагленохидратниот појадок.

Супа пред оброк

Не му ја мислете за супа или чорба како опција за стартер. Ем знае да биде вкусна, особено ако е некое топ чорбиче, ем може тајно да ве натера да внесете помалку калории. Сркањето на една супа пред ниско калоричен оброк прави да внесете 20 проценти помалку калории од самиот оброк покажува едно истражување.

Црно чоколадо

Темните чоколади што содржат поголеми концентрации на какао покрај побројните здравствени придобивки што ги пружаат поради богатството од состојки, пред сè антиоксиданси, предизвикуваат повеќе ситост кај луѓето од млечните чоколади.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија