Зошто протеини за појадок? (хинт: слабеење)

Според единствената досега студија која ја следи поврзаноста на појадокот и апетитот во останатиот дел од денот беше изнајден резултат дека штом јадеме повеќе протеин со појадокот индиректно полесно слабееме.

Студијата која беше правена на млади жени со поголема тежина, покажа дека оние кои јаделе високо протеински појадок имале далеку подобра контрола врз апетитот и подобро се справувале со стрвта за нездрави закуски и шеќери, особено во вечерните часови потоа.

Испитаничките консумирале еднаков појадок составен од 350 калории но едните јаделе голема доза на протеини (35 грама), а други јаделе секојдневен доручек составен од житарки.

По испитувањата на субјективните прашалници, тестовите од крв и функционалната магнетна резонанца, се покажа дека оние што јаделе високо протеински доручек се чувствувале подолго време сити и полни, како и имале помалку активност во полињата на мозокот задолжени за стрв за јадење особено за вечерата тој ден.

Со ова испадна дека кајгана, варени јајца, јогурт па дури и месни производи за појадок би можеле да дадат подобри резултати во слабеењето од житарките кога во прашање е најважниот оброк од денот.

Податоците сугерираат дека советувањето за јадење на ваков појадок би можело да биде една од потенцијалните стратегии за контрола на зголемената тежина во земјите кои имаат огромни проблеми со оваа тематика како Америка.