Наслов

5 "страшни" продукти што секој треба да ги крка

Бркате здравје преку нутриција? Не барајте подалеку од овие неколку продукти кои може да ви задоволат голем дел од сите есенции и останати клучни работи за здрав организам и благосостојба.

Листести и зелкасти зеленчуци

Тука спаѓаат брокулите, карфиолот, кељот, прокељот и зелката. Со огромните количини на глукосинолати (природни антиоксиданси) тие се покажале како одлична превенција за одредени малигни состојби. Тие се богати со витамините А, Ц, фолна киселина и добри количини на минералот магнезиум со што ги пополнуваат скоро сите недостатоци во вашата исхрана.

 

Цреши
Иако се уште не им е сезона, кога ќе им стигне, немојте да се двоумите. Тие се богати со големи количини на витамини, но и со состојки кои се борат со воспалителните состојби во телото, па редовно консумирани знаат да се борат против хроничните болести. Можете и кога не им е сезона да ги кркате и замрзнати или суви, ич да не ви е гајле.

 

Авокадо
Може нашите дедовци и баби не јаделе авокадо, ама они немале маркети како што ние имаме денес. Богати со мононезаситени масни киселини, витамин Е, калиум и фолати тие се одличен чувар на срцевото здравје, но и таен козметички агент. Бидејќи е богато со масти, јадете го во модерација. Користете го во салати, сосови, тостови и што друго ви дојде на ум.

 

Ф'стаци
Кркајте ф'стак со пиво, одлична комбинација. Добра доза на диетални влакна, протеини, витамин Б6 како и доста минерали. Со мноштвото антиоксиданси овие јатки превенираат срцеви заболувања.

 

Тиква
Бета каротен се знае од каде треба да доаѓа. Од нешто портокалово, жолто да не речам тиква. Печена тиква е наједноставното нешто за спремање. Ја сечеш тиквата и ја ставаш да се пече. После тоа внесуваш бета каротени кои всушност се витамин А, антиоксиданси, диетални влакна и многу здравје. Епа нека ви е на здравје!

20 Март 2013

За авторот