Наслов

Ах, тикво една

Тикварската сезона одамна почна и време е да испечеме една слатка и вкусна тиква. И верувајте нема лошо да ни дојде.


Како најпознат претставник на оваа група (squash или pumpkin) на растенија тиквата нуди многу. А и варијантите за нејзиното спремање се бесконечно различни, од печена, равиоли со тиква, пита од тиква, ризото со тиква, кашички за бебиња од тиква па се до пиво од тиква. Да, има и пиво од тиква!

250g печена тиква ви нуди 200% од вашите дневни потреби за витамин А. Точно така, дупло повеќе од што е потребно. Витаминот А и каротените во тиквата се одлични за вашите очи, тие ја подобруваат нивната функција, ги штитат од воспаленија и ги одржуваат во одлична кондиција. Тиква за остро око!

Помага во слабеењето. Тиквата е всушност е огромен извор на диетални влакна кои ве прават сити по нивното внесување. И не само што ве одржуваат на истото дупче од каишот. Тие се чувари на вашето здравје и го заштитуваат вашиот систем за варење, а и помагаат во нормализирање на нивоата на шеќер и холестерол во крвта.

Тие се буквално натрупани со природни бета-каротени. Не за џабе ја имаат таа прекрасна боја. Природните бета-каротени се одлични анти-оксиданси кои превенираат различни типови на рак.

Семки од тиква. Тука малку повеќе за нив.

Одлични за после напорен тренинг. Тиквата има поголеми количини на калиум од бананата, важен електролит во вашето тело кој е потребно нормално да се внесува посебно после напорен тренинг.

Зошто да пиеш витамин C апчиња, кога можеш да јадеш тиква. Навистина добар начин да го подигнете вашиот имун систем токму во време кога вирусите растураат.

Испечи тиква, не е ништо тешко! 

23 Ноември 2012

За авторот