Како да го забрзате метаболизмот?

Ако понекогаш се чувствувате подуени, патите од опстипација, варирате со килограмите или пак стрелката некако оди во нагорна линија можеби на вашиот метаболизам му треба еден мал поттик за да почне да функционира и да Ве ослободи од токсините и вишокот калории. Откочете ја рачната и пуштете го метаболизмот да си ја заврши работата со помош на овие 5 природни бустери.

Ние одвоивме 5 природни поттикнувачи кои можете да ги примените во замена за скапите „диетални” хемикалии, кои во комбинација со малку физичка активност ќе ве доведат до посакуваната цел.

ЗЕЛЕН ЧАЈ

Во овој зимски период можете слободно да се стоплите и да уживате во чаша зелен чај со додаток на лимон . Благодарение на содржината на кофеин ќе Ве разбуди, а истиот тој кофеин има термогено дејство и промовира оксидација на мастите. Поседува и големо антиоксидативно дејство помага во ослободување од радикалите.

БИОТИН

Во фамилијата на Б витамини овој витамин е под број 7. Учествува во подобрување на метаболизмот на сите хранливи состојки, јаглехидратите, протеините и мастите и во продукција на енергија. Го има во млекото и во жолчката. Бонус од биотинот за девојките е тоа што делува врз здравјето на ноктите и косата.

ОМЕГА 3

Јадењето на храна богата со овие масни киселини го забрзува метаболизмот така што му помага на телото како енергија да го искористува шеќерот што циркулира во крвта наместо да се стреми да го складира како масни клетки, а уште една позитивна работа е тоа што омега 3 масните киселини се чувари на менталното здравје. Значи внесувајте туна, лосос, лен, ореви секојдневно и за ментално и за физичко здравје.

ВОДА

Секако дека во оваа петка спаѓа и хидратацијата. Водата е неопходна за функција на било кој сегмент од организмот. Кога не пиете доволно вода, на телото не му го обезбедувате главниот медиум за да може правилно да функционира, се успорува метаболизмот и опаѓа согорувањето на калории. Од друга страна ако ги пиете препорачаните 8 чаши дневно ја покачувате метаболната потрошувачка.

ДИЕТАЛНИ ВЛАКНА

Ако во трката да се создаде енергија, шеќерот е зајакот, тогаш мудрата желка се диеталните влакна. Овие споросогорувачки нутрициенси се едни од најважните кога станува збор за добар метаболизам и се подологтраен извор на енергија. Телото ќе има што да преработува подолго време и ќе согорува повеќе калории, а вие ќе бидете сити.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија