Подмачкано од Алгасан

Врв дочек на врв Водно

Убавината е кога една спонтана иницијатива за ноќно искачување на Водно, токму за дочек на Новата Година ќе дрзне една многу разновидна група на луѓе кои едноставно сакаат да искусат нешто поинакво, забавно, предизвикувачи и несекојдневно на една прекрасна мала авантура. 

Идејата за ноќно искачување на Водно непосредно пред сказалките да се препокријат за последен пат во 2014 година беше искучително позитивно прифатена од нашите читатели, а и самиот факт што во договореното време на Средно Водно се појавија околу 30-тина луѓе беше доволно јасно дека на нас како општество, ни е потребно нешто ново во досадното секојдневие. 

Се пријавија и појавија луѓе од различни возрасти, како млади така и постари дојдени во пар, во група, а некои и едноставно сами, но сите со позитивна енергија и желни за потрага по добра дружба и аватнура за новогодишната вечер. Од друга пак страна, целта на наша иницијатива беше токму тоа – формирање на една мешана група на луѓе кои инаку не би имале можност да го направат ова сами.

Формирани беа две групи, едната поголема којашто тргна во 22:00 и една помала во 22:30 часот, а искачувањето во одлични временски услови помина во најдобар ред. На врвот, домот беше отворен од страна на одговорните кои гостопримливо ја дочекаа групата и за многу брзо време се формираше пријатна предновогодишна атмосфера. 

Новата Година ја дочекавме на тарасата од планинарскиот дом со прекрасен поглед на целото Скопје коешто буквално беше послано со огномети и ечеше со пријатни славенички звуци. Чувство кое тешко дека некој ќе го заборави.

Дружењето продолжи да тече, а како мал новогодишен подарок од нашите пријатели Алгасан ние доделивме убави пакетчиња производи за оние кои дојдоа на оваа авантура. Едноставно, убаво е кога си активен, спортуваш и движиш на планина, а уште поубаво е кога имаш пријател како Алгасан.

Среќна Нова и бериќетна со многу повеќе спорт, тренинг и движење!

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија