Подмачкано од Алгасан

Нова Година на врв Водно

Бидејќи сме апсолутно сигурни дека има луѓе коишто немаат апсолутно ништо во план за нивниот дочек на новата година, ние потегнуваме иницијатива. На кого му се гледа огнометот од горе, му се слушаат петарди и гласни музики од далеку и му се ужива во придружба со чашка добро винце и пријатна атмосфера?

Добредојден е секој што има расположение токму за новогодишната вечер да се искачи на врвот на Водно и да ја дочека Новата Година на поубав воздух, а богами и видик. Нашата екипа ќе тргне во 22:00 од Средно Водно, а горе, на отворено, со убаво винце ќе си го прославиме дочекот на Новата Година и ќе уживаме во огнометот. Во зависност од временските услови и расположението ќе биде одлучено враќањето 🙂

Првите десет души што ќе го прифатат овој предизвик, ќе се пријават на подолниот мејл и ќе се појават на врвот за да прослават со нас ќе бидат дополнително наградени со фин пакет на производи од Алгасан, чисто за наредниот ден да си ги измасираме и релаксираме мускулите за лесен и активен почеток на новата година.

Секој што сака може да се придружи, единствено ќе треба да се пријави со име, презиме и телефонски број за контакт на мејлот [email protected] до 12:00 часот на пладне на 31.12.2014 и ќе има обврска да не доцни на стартното место (инаку ќе си оди сам).

Потребно е секој да носи соодветна облека и опрема за на планина во зима во ноќни услови и секој доаѓа на малата авантура на сопствена одговорност. Пијачка и мезе се од ранец (планинарски вокабулар) т.е. ќе биде потребно да си донесете сами.

Ве очекуваме на убава дружба.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија