Наслов

Возиме да го „допреме” сонцето - АлШар 2016

Оваа година Тиквешките Точкаџии од кавадаречко ги канат сите љубители на спортот и рекреацијата да го посетат скриеното богатство во пазувите на Кожуф и регионот на Мајден, Рожден, Мрежичко и рудникот Алшар светски познат како едно од ретките наоѓалишта на лорандит. На репертоарот следат две вело-тури, планинарење, трчање, забава, кампинг и многу повеќе... 

АлШар 2016 е закажан за викендот на 11 и 12 јуни, а главната локација на сите збиднувања ќе биде селото Мрежичко. За велосипедистите на репертоарот застапени ќе бидат две планински тури - Голема Планинска велосипедска тура 52км и Мала Планинска велосипедска тура 28км, за планинарење и прошетка исто така ќе има две можности од 6 и 15 километри по околните локации, а кампувањето и забавата ќе биде збогатена со повеќе активности. 

Пријавувањето е веќе во тек на http://tikveskitocakdzii.mk/prijava.php а информација за картите и се останато можете да најдете на ФБ страната на Тиквешки Точкаџии

Се гледаме со сонцето...

02 Јуни 2016

За авторот