Умот над материјата во фудбалот

Денешните професионални фудбалски клубови имаат цели чети на тренери, доктори и физиотерапевти за да ги дотераат физичките способности на играчот до максималното ниво. Но дали на клубовите им недостасуваат трикови за тренирање на најважниот орган во телото – мозокот?

Научниците од лондонскиот Универзитет Брунел веруваат дека врвните таленти, како Лео Меси и Кристијано Роналдо имаат ментални способности кои се подобро програмирани за претпоставување на потезите на противникот.

Во претходна студија веќе беше докажано дека од 39 тестирани играчи, оние поискусните биле во можност да направат супресија на нагонот за инстинктивно дејствување, што ги прави помалку склони да „паднат“ на некои од триковите и дриблинзите на противникот. 

Ова размислување е поддржано и од гледиштата на големиот Јохан Кројф кој изјави дека фудбалот е игра која се игра со умот.

За да се отклучат триковите кои би можеле да направат еден играч да биде подобар во размислувањето, контролата и претпоставувањето на движењата на противникот, во блиска иднина во стручниот штаб на големите тимови се очекуваат и научници од полето на неврологијата.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија