Наслов

Сепак не биле глупи

Освен Френк Лампард за кој се кажува дека има IQ поголем од 150, останатите фудбалери досега беа стереотипизирани како прилично „глупа“ популација. Сепак не е се така тапо, откако мозоците им беа мерени на софистициран кантар.

Научниците од Универзитетот Брунел во Лондон имаа желба да пронајдат што е тоа што ги прави некои фудбалери подобри од другите, особено во правењето на претпоставки и навременото реагирање во текот на играта.

Тестирањето го направиле на 39 фудбалери со различно искуство и способности, а активноста на нивните мозочни бранови била следена на функционална магнетна резонанца (fMRI). Во скенерите биле поставени монитори на кои било пуштено видео на кое се прикажува друг фудбалер кој дрибла и оди накај нив, додека тие биле снимани на скенерот.

Потоа, додека се уште биле под скенерот, биле прашувани за тоа како би реагирале на потезите кои ги прави сниманиот играч (бидејќи во фудбалот многу често се прават лажни потези од страна на оној кој дрибла).

Тие откриле дека фудбалерите со поголемо искуство и способности попрецизно ги прогнозирале движењата на играчот од видеото. Подобрите играчи покажувале огромна активност во региите на мозокот задолжени за високо-степено функционирање и координирање на оската око-мускул.

Со оваа студија порасна знаењето во врска со внатрешното работење на мозокот на спортистите. Претходна студија докажа дека професионалните спортисти процесуираат комплексни визуелни сцени побргу од аматери, а далеку побрзо од обичните луѓе.

08 Март 2013

За авторот