„Нејзината приказна – Herstory”

This is HER Story претставува краток документарен серијал каде ќе се претстават неколку женски портрети на наши и странски активни спортистки и авантуристки кои го следат својот сон во полето на планинските спортови. Накратко поразговаравме со Илина Арсова за позадината на проектот.

„Засега ќе се работат 2 епизоди, секоја со по три женски портрети од девојки кои направиле врвни достигнувања во адреналинските и планинските спортови на глобално светско ниво. Трејлерот најавува дека ќе ги слушнеме нивните приказни кои едноставно не биле досега раскажани” – вели Арсова.

Целта на серијалот ќе биде да се прикаже нееднаквата полова дистрибуција на жените во планинските спортови кои се застапени со само 10% (па дури и помалку) од бројката на мажи во овие спортови. Начинот на кој ќе се прикаже оваа разлика ќе биде преку интересните и мотивирачки приказни за посветеноста и желбата за успех на овие жени.

„Проектот цели кон промоција на родовата еднаквост преку спортот, посебно во земјите во развој. Сакаме да креираме повеќе модели, примери мотивирајќи ги следните генераци на млади и девојки кон спортовите, преку инспиративни приказни кои раскажуваат за страст, посветеност, страв, љубов и среќа.” – додава Илина.

Филмот ќе ги обработи приказните на неколку наши и странски спортистки: Косима Вом Мер, Маја Мухиќ, Мариа Да Консеикао, Ирина Дишовска, Илина Арсова, Даница Стојановска, Сања Спасовска, Александра Србаковска.

Првата епизода се очекува некаде во септември оваа година.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија