А на дното, врвот!

Едногласно сме „за” по некоја чаша пиво како пилајок за рехидрирање и освежување на истоштениот спортски организмот, а моментално можеби и ја најдовме најдобрата опција за дното на еден пивски штуц. 

Компанијата Норт Дринквер со помош на топографските информации американските планини реши да вметне модел на планината Маунт Худ, познато природно обележје на Америка и државата Орегон, во дното на пивска чаша. 

Идејата јас спроведуваат со помош на занаетчии стаклари од Портланд кои целосно рачно ги изработуваат овие чаши. Производството воопшто не е едноставно и евтино па затоа и чашката си држи цена од 35 долари, ама и беше исклучително добро прифатена на Кикстартер каде што кампањата собра преку 350,000 долари за отпочнување на првата серија.

И, на дното испаѓа врвот.

Во однос на пивото како добар избор за рехидрирање на спортски ожеднетите организми ќе си прочитате тука (само со усул), а ние замислуваме како некој убав и личен македонски планински врв би се вклопил во некоја домашна чашка пиво. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија