Пивото е добра пијачка, ама после тренинг!

Не е финтата да се убедуваме колку пивото е добра пијачка, финтата е да знаеме кога да се налееме со по некоја кригла или лименка за да ни биде убаво.

Нема да се убедуваме колку пивото е хранливо или не, но треба да се сложиме дека и пивото како и сите други алкохолни пијалоци не треба да се конзумира пред и за време на било кои спортски активности.

Препораките за избегнување на консумирање на пивото како пијалок за ментален релакс и телесна рехидратација пред и за време на спортските активности меѓу другото е поради одредени специфики.

Сите алкохоли се доста калорични, имаат доста јагленихидрати во својот состав и имаат заедничка карактеристика – ги шират крвните садови, кои потоа на ладно се собираат со што се намалува осетот за студено. Пивото има одредени оригинални специфики изведени од составот и технологијата на производството.

Пивото се добива со алкохолно вриење на јачмен и хмељ. Хмељот (лат.humulus lupulus) содржи билни алкалоиди хумулини и лупулини. Овие алкалоиди делуваат како седативи, го смируваат организмот, ги опуштаат мускулите, а алкохолот дополнителни ги ослабува рефлексите. Хмељот во историјата на медицината бил познат лек за лекување на несоници.

Мускулниот релакс брзо доведува до замор при оптеретувањата, а намалените мускулни контракции се добар услов за повреди. Ако сериозно го прочитавте текстов погоре нема да ви биде тешко да го заклучите кога е најдобриот тајминг за да пивнете некое пивце. Епа драги колешки и колеги пивопијци, на здравје!