Наслов

Македонец прв на планинската трка Авала во Србија

Јовица Јованчев од нашето здружение на планински тркачи TREX заврши прв на трката Авала треил која беше и официјално отварање на првата скајранинг лига во Србија и регионот.

Трката се одржа овој викенд на 1 март на планината Авала блиску до Белград, Србија и истата имаше пропозиции од 16 км со 900 D+. На неа земаа учество 167 натпреварувачи, а ја завршија 89. Поради проблематичната ориентација во планината и следењето на маркациите голем дел од натпреварувачите се беа изгубиле па голем дел од нив трката ја завршиле со непоминати контролни точки. 

И нашиот Јовица беше дел од една голема група која се изгубила во текот на трката, но успеал да се снајде и за него неочекувано да финишира прв. Самиот изјави дека немал аспирации за посериозно натпреварување и дека учествувал поради поддршка на неговите пријатели од Србија, но ете, и вакви работи се возможни во планинското трчање.

Инаку Јованчев е еден од посериозните планински тркачи во Македонија кој има учествувано на доста ултра-маратони меѓукои и можеби најпознатиот, UTMB којшто заедно со Жикица Ивановски и Светлана Стојаноска го завршија минатата година. 

Скајрејс лигата е прва од ваков тип во Србија и општо во регионот. Организирана е од Skyrunning Serbia, група на спортски ентузијасти и љубители на трчањето кои овозможија нивната организација да влезе во Интернационалната скајран федерација (International Skyrunning Federation – ISF) и да формира своја годишна лига која треба да содржи минимум 6 трки.

Во нивниот каледнардосега се влезени 9 трки од ваков тип (планински маратони, полумаратони, ултрамаратони, скајрејс трки итн.) а еден од нив кој ќе биде во заедничка организација меѓу Skyrunning Serbia и TREX е и Шарпланинскиот скајрејс кој треба да се одржи на 2 август оваа година. Истиот ќе биде во меѓугранична соработка меѓу Македонија и Косово и ќе трганува од Штрпце, Косово преку Пирибег и Љуботен до Старо село, Македонија со цирка 28км. и 2800 D+.

ИЗВОР НА ФОТКИ - ТУКА 

04 Март 2015

За авторот