Ultra Tail du Mont Blanc зад петите на македонските претставници
Стојаноска прва Македонка, Ивановски и Јoванчев во први 200 на UTMB
Успешен настап на нашите претставници на Ultra-trail du Mont-Blanc 2014.
Во тешки услови на екстремно тешка патека каде и големи светски имиња се откажаа, нашите луѓе покажаа издржливост, сила, силен ум, добра тактика и сè што е потребно да се оствари она што беше нивни сон, но и на сите нас што будно ги следевме.
УТМБ и 168-те км успешно завршија за нашите претставнци. Жикица Ивановски ултра-маратонот го истрча за 31:46 на 155-то место, Јовица Јованчев со резултат од 32:46 e на 189-то место со што завршија во првите 10% од натпреварувачи. Светлана Стојаноска пак, со време од 44:59 се запиша во историјата како прва Македонка која го истрча УТМБ.