Леана железната дама на Ајронмен во Мајорка

Леана Таќи е претставник од Македонија на триатлонската трка Ајронмен во Мајорка која ќе се одржи на 26 септември. Претходната недела наши претставници  ја освојуваа Пула на истоимениот настан. 

За разлика од тој во Пула, Ајронмен во Мајорка ќе биде (Long distance). Освен Леана претставник од Македонија во машка конкуренција е и Томе Попчевалиев.

IronMan ми беше сон уште од пред 6-7 години кога мојот близок пријател Душко Величковски беше првиот човек од Македонија да се натпреварува на ваква трка. Пред скоро две години првпат решив да почнам да се подготвувам за 70.3 настан (го завршив лани во Австрија, Zell am See), секако како дел од планот дека еден ден ќе завршам и 140.6 IronMan. Во текот на подготовките се вљубив во триатлонот како спорт и овие две години ми стана начин на живот. Едноставно, премногу ги сакам сите три дисциплини што се дел од него. Моите очекувања за Мајорка се само да успеам да стигнам до целта, бидејќи сезонава ми донесе неколку повреди, па морав да ги прилагодам и моите очекувања.– Изјави Леана за К4Т

 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија