Мадмозел Ивана и 4те Мускетари на Ајронмен 70.3 Пула
Викендов во хрватскиот град Пула ќе се одржи триатлонскиот натпревар Ајронмен. Македонија ќе си има свој претставници во ликовите на: Александар Смилков, Бојан Анчевски, Данчо Ѓорѓиевски, Павел Лавдакопулос и единствената дама Ивана Герчакова.
Досега на ова натпреварување се пријавиле повеќе од 1500 натпреварувачи кои ќе треба да ги измерат силите во 1,9 километри пливање, 90.1 километар возење велосипед и 21.1 километар трчање.