Наслов

Контроверзите околу првото соло минување на Антарктикот

Во минатонеделната прослава на двете соло минувања преку Антарктикот, неферски беше заборавен пионерот кој ги постави стандардите пред 22 години. 

Борг Оусланд, 33, од Норвешка некаде на Јужниот Пол 1996 - фото Ketil Soyland/Associated Press

Пишува - Дејвид Робертс за Њу Јорк Тајмс

Минатата недела, по последниот маратонскиот подвиг од 120 километри и дури 32 непреспиени часови, Американецот Колин О'Бреди ја помина финиш линијата на глечерот Леверет за да го осигура првото соло и непомогнато минување на Антарктикот - предизвик кој Колин го нарече „Невозможниот прв”. Два дена подоцна, неговиот ривал преку кого оваа трка беше поврзана со онаа на Роберт Фалкон Скот и Роалд Амундсен до Јужниот пол во 1911-12 година, Луис Руд од Британија го заврши истото патување со должина од 1500 километри преку смрзнаниот континент, преживувајќи брутални ветришта, бури, глечерски пукнатини и минусни температури. Експедицијата на Руд беше зачната како посвета на неговиот пријател и ментор, Хенри Ворсли кој почина од перитонитис додека ја влечеше санката 800 милји во истиот обид пред три години. 

Еден од оние кои не беше „загубен” во прославата за минувањето на О'Бреди и Руд беше Норвежанецот Борг Оусланд кој направи многу потешко минување пред повеќе од 20 години. Сепак, траверсот на Оусланд беше сомнително споменуван и беше означен под друга „категорија”, бидејќи овогодинешните авантуристи беа именувани како првите кои се обидуваат да го минат Антарктикот без кучиња и едра. 

Не е зачудувачки што во 2018 година, потрагата да се добие признание за првото соло, неподржано минување на континентот постана комерцијална трка. За спонзорираните професионални авантуристи кои имаат потреба да се поврзат со социјалните мрежи и публика, вистинското истражување отпаѓа на второ место, после потребата за „рекорди” и да се биде „прв”. 

Помеѓу ноември 1996 и јануари 1997, Оусланд влечеше санка која првично носеше 186 килограми храна и опрема во текот на 64 дена преку Антарктикот, од брегот на снежната полица Рон до месноста МекМурдо Саунд на брегот на морето на полицата Рос - истата база од каде Скот го започна патувањето до полот во 1911 година. Попатно, тој не доби никаква помош или намирници од други луѓе, дури ни шолја кафе на добро обезбедената Амундсен-Скот станица. На спуштањето од полот до брегот, г-динот Оусланд повремено вадеше парче едро изработено од него самиот, со други зборови, парче квадратен партал кој фаќаше ветар и му помагаше да се скија преку снегот. Таа минимална поддршка, во очите на денешните авантуристи како Месрс, ОБреди, Руд и Ворсли го дисквалификуваа Оусланд и неговото епско патешествие од признанието за „неподдржано” патување. 

Колин О'Бреди за време на неговото минување - фото - CreditColin O'Brady/Agence France-Presse — Getty Images

По минатонеделните поздрави до Американецот и Британецот за нивните подвизи, некои постари следачи на авантуристичката сцена на Антарктикот покренаа прашања дали и овие минувања не треба да бидат ставени во некоја друга категорија. Најважно од се, е што оваа година патувањето не започна и заврши на брегот на континентот туку во внатрешноста, онаму каде започнуваат големите ледени полици Рон и Рос. Дистанцата која тие ја изминаа - 1500 километри - е само половина од онаа на г-динот Оулснд ја мина во 1997-97 година - 3000 километри. Во твитот каде го најавува финишот, О'Бреди вели: „Како што ја влечев санката преку невидливата линија, ја постигнав мојата цел, да станам првиот човек во историјата кој го минал Антарктикот од брег до брег, соло, неподдржано и без никаква надворешна помош.”

Тој инсистираше дека почетокот на континентот е онаму каде копното завршува и започнуваат големите ледени полици. Сепак, како што историчарот за Антарктика и планинар Демиен Гилдеа вели во објава на ЕксплорерсВеб: „Ледените полици се мраз кој е директно поврзан за континентот, а со тоа и дел од континентот. Ова е прифатено од сите авантуристи од раното време, кои имале обиди за вакви минувања. „Г-динот Скот и Амундсен, секако дека немале друг избор освен да ги започнат и завршат нивните патувања од вистинскиот брег на континенто, а во втората половина, Скот заедно со четворицата пријатели умираат на полицата Рос, откако не успеале да ги извлечкаат нивните санки понатаму. 

Патеката на минување на Оусланд 1996 (црвено) и на О'Бреди и Руд од 2018 (сино) - фото By The New York Times

ЕксплорерсВеб истотака посочи дека од Јужниот Пол до „финишот” на дното на глечерот Леверет, двајцата О'Бреди и Руд скијале по патот наречен South Pole Overland Traverse, „патека израмнета од трактори и санки” за да стигнат и земат намирници од станицата на Јужниот Пол. „Знамињата поставени на секои 100 метри ја прави навигацијата во време на бура многу полесна.” Дополнително, тракторите и санките ги отстрануваат састругите - брановидни мали гребенчиња од замрзнат снег кои се кошмар за луѓето кои влечат санки. Не е јасно какви биле условите на патеката кога O'Бреди скијал, но на 50-тиот ден (22 декември) јасно се гледаат трагите од трактор на патеката. 

Во 2018, патувачите можат да сметаат на поддршката од прецизните ГПС уреди, сателитските телефони и имаат тимови кои со хеликоптери и авиони се спремни да долетаат во период од неколку часови доколку е потребна итна помош. O'Бреди праќаше твитови и Инстаграм фотографии за неговиот дневен прогрес и зборуваше со неговата сопруга во Орегон преку секојдневни сателитски повици. Кога Ворсли во 2016 повика помош, тој беше собран од авион од Чиле за многу кратко време, а почина во болницата Пунта Аренас, а не на мразот. 

Во 1996 година, Оусленд се навигираше со компас и по сонцето преку дента, рутата му беше исцртана само како скица на една мапа во размер 1:250,000, и користеше стара генерација на ГПС уред само за потврдување на неговата локација во текот на ноќта. Тишината и самотијата во неговиот обид носат многу поголем психолошки предизвик. Како што подоцна тој напиша: „Генерално е потребно 10 до 14 дена да ја пронајдеш внатрешната хармонија за да преживееш во таков суров свет. Но кога ќе се сумира се", да си тотално сам е одлично искуство.”

Во првиот дел од патувањето тој пропадна во скриена креваса и беше спасен единствено од цврстите титаниумски шипки кои го првзуваат него со санката. Ако му беше потребна помош или спасување, тој можеше да активира сигнал преку уред, една точка на мапата до неговите колеги во Норвешка. Единствениот начин за евакуација во тоа време со авион од базата Патриотс Хилс која е на илјадници километри од него. 

Како што вестите за „првиот”, О'Бреди, се раширија по медиумите, Оусланд великодушно напиша на неговата Фејсбук страна, „Му честитаме на Колин О'Бреди за неговото достигнување на Антарктика”. Но, тој доде дека тој „беше првиот човек кој го скијаше целиот Антарктик соло и без дополнителна помош од брег до брег. Точка.”

11 Јануари 2019

За авторот