Наслов

Јакимовски одличен на полумаратонот во Нови Сад

Нашиот репрезентативец Игор Јакимовски го освои шестото место на полумаратонот во Нови Сад каде учествуваа 450 атлетичари од целиот свет. 

И покрај студеното време и силниот ветар Игор Јакимовски постигна одличен резултат завршувајќи го полумаратонот со време од 01:16:50. 

Победник беше Србинот Марко Миловановиќ кој заврши само четири минути пред нашиот репрезентативец со време од 01:12:47.

Погледнете го видеото во наша соработка со Игор, како и интервјуто за неговата пасија, трчањето.

25 Март 2013

За авторот