Наслов

ФИС со остра реакција: „Ги забрануваме дроновите”

Маркус Валднер, спортскиот директор на Интернационалната Скијачка Федерација во брза реакција по инцидентот со паднатиот дрон позади скиите на Марсел Хиршер минатата недела, изјави дека ја забранува употребата на дроновите (беспилотните летала) од нивните натпреварувања. 

Во изјава за новинарите по настанатиот инцидетнт, Маркус Валднер кажа дека додека е тој спортски директор на ФИС, употребата на вакви летала во било какви цели на овие настни ќе бидат забранети.

  • „Тие се лоша работа за безбеднота на вакви настани, а имавме голема среќа што Марцел не беше повреден. Јас сум многу гневен. - изјави Валднер. 

Минатата недела на слалом трката во Мадона ди Кампилјио за време на спуштањето на Марсел Хиршер, беспилотното летало кое тежело 10 килограми буквално падна зад петиците на скијачот со што можеше да нанесе катастрофални последици по натпреварувачот. 

Видео

Директорот Валднер дал согласност за користење на дронот за време на трката, но на пилотот му биле дадена забрана за летање директно над ски патеката. Тој требало да биде во радиус од 15 метри подалеку од скијачите, но очигледно, тој не ги послушал овие инструкции.

Искрено, кога ги гледам снимките сега, после трката, ми се потата дланките и добивам морници. - вели скијачот Хиршер. 

Компанијата одговорна за леталото и пилотот, ИнФронт Маркетинг, се уште се нема изјаснето за причината за несреќата. 

24 Декември 2015

За авторот