Добро, што е со дроновиве?

Скијачот Марсел Хиршер имаше среќа што чудово падна одма позади неговите скии и успеа некако да го „утне” за време на неговиот слалом, а мајсторот одржа концентрација и извозе до крај за второ место во генерален пласман. 

На второто спуштање при скијачкиот натпревар во слалом одржан во Мадона ди Кампилјио, Марсел Хиршер имаше неверојатна среќа да му „побегне” на телевизискиот дрон кој падна веднаш позади неговите скии. 

Хиршер успеа да ја задржи концентрацијата и во ова скијање да заврши со најдобро време од сите претходни скијачи, но на турнирот заврши на второто место после Хенрих Кристоферсен. 

Америка започна со регулативите на безпилотните летала и дронови а се очекува и ставање под контрола летањето на вакви направи во скијачките центри поради можноста за токму вакви несакани моменти. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија