Да се разбереме, не сакате да скијате тука

Во моментов, додека цел Балкан па и Европа се во период на сушна зима без врнежи на снег, западот од САД се наоѓа во состојба на затворени ски центри поради обилните врнежи и големите шанси за лавини. Погледнете како тоа изгледа од прва рака и запамтете ги овие совети. 

Ова се двајца експерти по метеорологија од Лавинскиот центар во Јута, САД кои од терен ја испитуваат ситуацијата со обилните врнежи на снег во последниот период поради кои во најголем дел од скијачите центри се подигнати „црвените знаменца” за скијање. 

На почетокот од скијачката сезона, кога бевме „залажани” со првиот бран на снег, на Попова Шапка беше снимена лавина во која беше „зафатен” сноубордер. Таа ситуација мина добро, но остави добра поука дека природата мора да се почитува особено во вакви период.

Слушнете нешто повеќе на овој линк за тоа како да се заштитите и да ги минимизирате можностите за влегување во ваков терен. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија