Научи пред да одиш - Know Before You Go

Наслов

Што треба да знаеш за лавините

Oдлично 15-минутно документарче кое ја разработува тематиката на безбедност при движење во планина во зимски услови со акцент на лавините. 

„Лавините не дискриминираат, тие се убијци со еднаква шанса за секого. Тие влијаат на сите што се во планината, без разлика дали сте сноубордер, скијач, возите сноумобил, пешачите, се санкате, одите турно или само правите снежни ангелчиња... ако живеете или сте блиску до планините, едноставно морате да знаете за лавините, тоа си оди со територијата.” - започнува видеото насловено Know before you go - во превод - Научи пред да одиш. 

Истото ја обработува тематиката на лавините преку повеќе различни искуства на скијачи каде се разгледуваат главните причини за предизвикување на истите и последиците (вклучително со статистика) од нив.

Во вториот дел се објаснуваат петте ОСНОВНИ работи кои треба да ги поседувате вие, а и поголемиот дел од екипата со која одите пред да се впуштате во било какви снежни задоволства. 

1. ОПРЕМА

2. ТРЕНИНГ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА ТАА ОПРЕМА

3. ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА 

4. ДА ЈА СФАТИШ СЛИКАТА 

5. И ДА ЗНАЕШ КАКО ДА СЕ ТРГНЕШ ОД ОПАСНАТА ЗОНА

Научете нешто повеќе, затоа што се работи за вашиот или нечии друг живот. 

02 Декември 2015

За авторот