Наслов

„Патагонија” донира 100% од профитот направен на Black Friday

Една од широкопознатите компании поборници за светската екологија и заштитување на природата, Патагонија, минатата недела за време на шопинг-консумеристичко настроениот „Црн Петок” најави дека ќе донира 100% од профитот направен за време на овој период во еко-организации кои се борат за зачувување на природата и екологијата. 

Според првичните планови, Патагонија имаше некои предвидени проекции дека на таканаречениот „шопинг празник” фирмата ќе оствари профит од околу 2 милиони долари направени во официјалните Патагонија продавници како и од онлајн купувањата кои потполно ќе ги донира во разноразни еко-друштва низ светот, но очигледно, самата маркетинг приказна околу проектот, како и поддшката на активната заедница спортисти и љубители на природата беа одлично привлечени од замислата. 

Затоа, профитот направен рипна дури 5 пати од предвиденото со остварени околу 10 милиони долари што претставува и своевиден рекорд на самата компанија кога се работи за една кампања за собирање на средства. Како што се вели од компанијата, средствата ќе бидат пуштени на околу 1300 групации кои се борат на различни еко полиња и активности. 

Интересно е тоа што првиот основач на Патагонија, Ивон Чоуинард, ја има основано и фондацијата 1% for the Planet, организација со повеќе од 1200 фирми кои донираат 1 процент од нивниот приход за еколошки акции, каде секако е и Патагонија. 

„Ние сме презадоволни да објавиме дека проектот ги надмина нашите очекувања... Патагонија достигна рекордни 10 милиони долари во продажба” - се вели во нивниот извештај. „Огромната љубов кон природата која нашите потрошувачи ја покажаа во петокот ќе ни овозможи да помогнеме голем број на еколошки организации во зачеток кои работат низ светот.” 

30 Ноември 2016

За авторот