Екологика

Кога фирмата ти е екологична…

Приказна за Патагонија, најкул компанијата во светот (според магазинот Форчн) која започнува пред 40тина години со мисија – создавање облека и опрема за спортови на отворено, но со минимално влијание врз природата и квалитетни производи со долг век на траење. И да, вработените можат за земаат дневни паузи за сурфање…

Се започнува во 70тие од Ивон Чоуинард, човек – ѕверка за планинарење, алпинизам, сурфање, скијање, риболов и скоро секој друг вид спорт во отворена природа.

Човекот, сакајќи да си помогне во сопствените потреби за качување по карпи, креира нов подобрар питон (клинец за карпи), помал и попрактичен кој не ги уништува карпите, и несакајќи освојува 80% од пазарот.

Потоа следува патување за Патагониjа, најјужниот регион во Јужна Америка, каде се пронаоѓа и добива инспирација за создавање компанија за облека, примамен од сопствените потреби при патувањето.

Но, тоа што е многу поразлично од било која друга компанија се вредностите кои понатаму ја движат компанијата кон прераснување во најкул компанија во светот. Облеката мора да биде квалитетна, издржлива и функционална, или подобро мултифункционална. Нема бркање на модата. Создавање на квалитетни производи со најмалото можно влијание врз природата.

Кршење на општите бизнис правила. Нема трчање кон брз раст. Работење со пријатели. Вработување на себе мотивирачки, интелегентни луѓе и оставање слобода да уживаат во сурфање, планинарење и време со својата фамилија.

Одговорност, компанијата ќе купува користени или стари објекти и работи и ќе ги реупотребува или обновува.

Префрлање во сегашноста и денес Патагонија има 1300 вработени со една од најимпресивните работни програми во кои е вклучена животната средина.

Целиот асортиман на облека е произведен само од органски памук и рециклирани материјали. Користат соларни панели за производство на енергија. Сите продавници низ светот им се во стари но обновени локали.

Footprint Chronicles е посебен интерактивен сајт кој им овозможува на купувачите да го следат влијанието врз природата на било кој нивен производ, од самиот дизајн до самото доставување до корисниците, што е одлична алатка за попаметно купување.

Common threads Initiative е друга алатка наменета за создавање партнерства меѓу компанијата и самите потрошувачи, насочена кон пронаоѓање начини како повторно да се употребат парчињата облека или да ги испратат повторно во компанијата на правилно рециклирање.

Рекламите им се состојат од објаснување дека ако навистина не им треба тој производ да не го купуваат, или ако го купуваат, да го користат повеќе затоа што производите се наменети да истраат низ годините.

Како компанија тие се основачи и донатори на различни еколошки програми, а самиот сопственик Ивон ја има коосновано 1% for the Planet – организација која поврзува преку 1200 компании кои донираат 1% од профитот во еколошки организации низ целиот свет.

И за крај, погледајте го интервјуто со Ивон Чоуинард  каде објаснува многу кул работи за екологичност во работењето на една компанија…