Мразот е „виновник” за успех

Ако патот ве одведе во соблекуваните на некои клупски гигант после одигран натпревар, нема сомнение дека во очи ќе ви паднат големите буриња и кади наполнети со коцки мраз и по некое пиво што плови за да се разлади пред да биде испиено. 

Во светот на спортот многу е пишувано, истражувано и полемизирано за тоа што е важно а што поважно за да се постигне успех. 

Многупати се дава голем фокус на тренингот, се со цела да се подобри одредено ниво и да се постигне поголема адаптација на организмот, а притоа се дефокусираме од опоравокот како контра тежа на оптоварувањето.

Игнорирањето најчесто се случува кај аматерската популација која влегува во спортскиот лајфстајл обидувајќи се да се натпреварува, поместува граници и да руши сопствени рекорди, да го “троши” телото, а опоравокот се занемарува. 

Позитивните ефектите на ладната бања после натпревар, трка или тренинг се од поодамна познати и нивната примена е задолжителна кај професионалците.  Ладната бања делува на едноставен начин. Вазоконстрикцијата или стегање на крвните садови придонесува до намалување на отоците и побрзо елиминирање на метаболитите, а со тоа и побрзо заздравување на микротраумите во мускулните и сврзните ткива. 

Примената може да варира во зависност од тоа дали во ледена вода ги изложуваме рацете, нозете (најчесто) или пак и дел од трупот (над карлица, до гради, до врат). Водата треба да има температура од 12- 15 целзиусови степени. Доколку немате искуство можете да започнете и со повисока температура. Изложувањето може да биде во серии по неколку минути но да не надминува вкупно 10 минути. 

Исто така дополнително на ладната бања може да се додадат и топли туш сесии за да се прави контраст (топло-ладно) што прави своевиден ефект на пумпа. 

Иако низ литературтата може да се налета на контрадикторни резултати во однос на ефектите на ледената бања но јасно е дека криотерапијата ќе остане повеќе од присутна практика на многу тренери и спортисти за да го забрзааат опоравокот и да превенираат повреди. 

Доколку се прашувате дали функционира тогаш наполнете ја кадата, ќе ви треба 5-7 килограми коцки лед и храброст (вилицата ќе се протресе 100%)…

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија