Како да воспоставите здрава навика?

Ако сценариото кога одлучно протрчувате на кеј, за потоа да не се појавите до следната година ви е познато, вам ви се потребни овие неколку совети кои ќе ви помогнат да ја отпочнете, но и да ја одржите здравата навика еднаш за секогаш…

Иако постојат милиони причини зошто веднаш да станете од столчето и убаво да се испотите, многу од нас сè уште не го прават тоа. Ова најверојатно се должи на невоспоставена навика за одржување на здраво тело и здрав дух. Да се биде фит, значи долготрајно и истрајно да се вложува во сопственото здравје, а не едномесечна чланарина во теретана.

Започнете полека!

Вежбањето не мора да биде екстремно од самиот старт, започнете со нешто поситно кое лесно ќе го остварите, ќе бидете задоволни од себе и полесно ќе ви биде следниот пат да се втурнете во нова рунда, со можеби поголем интензитет.

Поставете временска рамка!

Прецизирајте кога ќе вежбате и држете се до предвиденото време, така што терминот предвиден за вежбање нема да го пополнувате со никаква друга занимација. На тој начин полесно ќе воспоставите рутина.

Здравјето нека ви биде приоритет!

Луѓето кои се грижат за своето здравје прават подобри одлуки во животот генерално земено. Ако почнувате со вежбање, природно на тоа се надоврзува и потребата од поздрава храна…

Упорноста се исплатува!

Поставете си цел да бидете активни 30 дена по ред. На крајот од месецот, нема да можете да се замислите без да се испотите во текот на денот, а ментално и физички ќе се посветите на новата рутина.

Не претерувајте!

Овој совет се надоврзува на број 1. Ако претерувате со вежбање, наместо позитивните ефекти што би требало да ги добиете, ќе се чувствувате уморно и малаксано. Секогаш слушајте го телото и дозирајте го тренингот за да бидете ефикасни и насмеани во текот на целиот ден…

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија