Редовноста е клучот за долгорочна форма

Сакате да постигнете и да одржувате одлична форма во спортот што го практикувате, обрнете внимание на редовноста и конзистентноста на вашите тренинзи. Несериозноста не води никаде, па дури и може да ви го распадне сегашното фитнес ниво.

Редовното (читај секојдневно) посветување на вежбањето, квалитетната исхрана и здравиот начин на живот се единствениот начин како вие т.е. вашиот организам е во можност да дојде до одредена посакувана форма, но и уште поважно, да успее да ја одржи истата.

Меѓу луѓето чести се варијантите на детерминирано отпочнување со некаков тренинг кое неславно завршува после некоја недела поради недостаток на мотивација и ред други состојби, а најлоша пак варијанта е кога сакаме да бидеме во форма, а се посветуваме на вежбањето само за викендите и тоа често го правиме во со силен интензитет, нешто што многу лесно може да доведе до повреда.

За разлика од претходните примери, човек треба да најде редовност во неговиот тренинг за да ги види посакуваните резултати и треба да сфати дека ако се сака, тогаш секогаш може да најде минимален простор во текот на денот кој ќе го посвети за неговото тело и ум.

Редовното тренирање не мора да значи и секојдневно трошење по час, час и половина на тренинг, туку може да подразбира и ситни активности кои се прават во деновите кога сте премногу зафатени, но тие сепак се вклопуваат во целата слика на активна личност. Во превод, водењето на активен животен стил опфаќа и нешто многу повеќе од самата вежбална.

Кога сме кај самите тренинизи, покрај редовните неделни рутини што ги водите вметнете и нешто ново, нешто што досега не сте го правеле. Крос-тренингот е исклучително важна алка во секојдневнието на спортистите од многу други аспекти (опоравок, тренирање на други мускулни групи итн.), а тука е важно затоа што ќе ви даде посебно чувство на нова активност која ќе ви го разбие она што секојдневно го правите.

Кога пак се наоѓате во ситуација да изоставите некој од тренинзите, не дозволувајте мрзеливоста да се прошири и на наредните денови, туку веднаш направете некоја мала кратка замена пр. 20 минутно вежбање по дома кое ќе ве одржи во континуитет. Во продолжение, не претерувајте со вежбањето доколку претходниот ден сте испуштиле тренинг туку едноставно следете ја соодветната тренинг рутина и не отскокнувајте од плановите – односно – редовноста го победува интензитетот.

И запомнете, одлуката дали редовно и во целост ќе следите еден здрав животен стил е целосно ваша.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија