Македонија трета на балканско во крос-кантри трчање

На 58 балканско првенство во крос-кантри трчање кое се одржа во Дарица, Кочели, Турција овој викенд, македонската репрезентација за прв пат освои бронза во категорија сениори. 

Македонската атлетска репрезентација во состав Кокан Ајановски, Марјан Бонев, Марко Ивановски, Атанас Анчевски, Илија Пајмакоски, Адријана Поп Арсова, Мариа Стојановска, Рената Соколовска, Вера Урдаревска овој викенд на 08.11.2014 настапуваше на балканското првенство во кроск-кантри трчање, а сениорскиот тим составен од Кокан Ајановски, Марјан Бонев и Марко Ивановски успеа да го освои  првиот медал за нашата држава во сениорско екипно натпреварување на балканскиот крос-кантри шампионат во Турција. 

На овој шампионат право на учество имаат 15 земји, а на ова првенство учествуваа 6 репрезентации. Македонија беше една од репрезентациите кои го имаше потребниот минимум од три натпреварувачи за бодување во екипната сениорска трка. 

Во разговор со Марјан Бонев, тој ни пренесе дека условите на патеката биле доста тешки, тврда земја со трева, наместа неисчистени срчи, искршени керамиди, премногу нерамна, каде што имало голема можност за повреда, но нашите репрезентативци достојно ја претставија Македонија.

Прво место во иста конкуренција освои Турција, а второ екипата на Романија.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија