А колку пилевина има во бургерот?

Да не речете случајно дека не консумирате „диетални“ влакна преку скоро секој фаст-фуд дел од менито, ако уште ги јадете.

 

Сè поголем дел од големите фаст-фуд синџири како МекДоналдс и Бургеркинг ја играат тактиката на „полнење“ на своите продукти со микрокристална целулоза MCC (целулоза во прав), по нашки пилевина од дрво која што прави магична работа кога во прашање се парите.

Оваа состојка, која си е уредно наведена во сите нутриционистички дескрипции на многуте продукти кои се продаваат во овие ресторани има улога како некој стабилизатор на емулзиите, а во последно време таа беше тивко, но широко раширена во скоро сите фаст-фуд продукти како лепчињата, кашкавалите, сосовите, тортите, шејковите, пржениот кромид, помфритот, смутито, и нормално, во месото.

Ќарот од употребата на вакво „полнило“ во храната е тоа што сега компаниите употребуваат помалку пилешко во нивното „пилешко“, односно помалку сладолед во нивниот „сладолед“. МекДоналдс е на врвот на листата со 14 продукти, после него е Бургеркинг со 13 од менито, ама има и многу други.

Целулозата спаѓа во групата на нерастворлив (недигестибилен) тип на влакна кои што не пружаат никаква нутриционистичка корист за организмот поготово во вакви целосно смелени облици, за разлика од природните диетални влакна од овошјето и зеленчукот кои имаат и те како важна улога во здравјето на човекот.

Некои студии покажуваат дека овој тип на целулоза во прав има некакви лоши ефекти по нивоата на холестерол

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија