Грешки во појадокот кои ве чинат килограми

Појадокот е најважниот оброк во денот и не треба да се прескокнува, но важно е да внимавате на дозирањето. 

 

Вистина е дека појадокот најмногу се искористува во текот на денот, сè додека е во рамките на нормалата. За да не се изненадите кога ќе се качите на вагата, специјалистот за исхрана од Њујорк Лиза Јанг, Ph.D. ве советува да внимавате на следните најчести грешки што можеби ги правите…

1. Пиете готови сокови
Џусот од портокал содржи многу повеќе шеќер и калории од вистинските портокали. Конзумирајте вистинско овошје кое содржи многу повеќе растителни влакна што ќе ве држат подолго сити.

2. Конзумирате голема порција житарки
Житарките се добар избор за појадок, но сепак треба да припазите на дозирањето. Повеќето луѓе ставаат премногу, завршувајќи со 2 до 3 порции повеќе од препорачаното, што значи и зголемен калориски внес.

3. Зависник сте од пецива
Пецивата со топено сирење се вкусни, но само ако ги конзумирате повремено за да се почастите. Бидејќи еден кроасан во калории е еквивалентен на 5 парчиња леб. Повеќето денови подобро конзумирајте полнозрнест тост, намачкан со домашен путер од кикирики.

4. Бирате овошни јогурти
Јогурт или кисело млеко е добар избор, но зашеќерените варијанти се полни со дополнителни калории што навистина не ви се потребни. Затоа изберете обичен нискокалоричен јогурт или кисело млеко и додадете вистинско овошје (на пример јагоди, малини, боровинки и слично) за да го засладите.