Респект од баба ми до Адидас
Кога баба ми разбра дека Меси, Суарез и бандата под логото на адидас може да се појави на терен во плетка на стапалата, многу се израдува!
За гоблено-типните обувки веќе пишавме во една статија претходно. Но сега на ред е Адидас кој ја промовира првата обувката за фудбал под име Самба Прајмнит целосно изработена од плетка без делови од кожа или некое пластифицирано платно.
Честа да ја тестира и промовира падна на Луис Суарез, а освен него за плетката палци кренаа нагоре Гарет Бејл и Лионел Меси, така што по официјалната дата за пуштање во продажба на 17ти Март Адидас очекува ова бабино внуче да достигне светска слава како еден од дедовците.