Гугл Цајтгајст известува
За чија калориска вредност светот беше најзаинтересиран во 2013?
Минатата година најголема заинтересираност светот покажа за калориската вредност на храната во Мек Доналдс, годинава приказната е малку поинаква.
Најпрво Гугл го додаде нутритивниот информатор во десната страна од пребарувачот, што дополнително го олесни добивањето на точни и прецизни информации во врска со калориите, макро и микронутрициенсите во одреден продукт.
Сега Гугл ни ја дава листата на најпребарувани калориски вредности:
1. Јајце
2. Банана
3. Пиво
4. Овесни снегулки
5. Шеќер
6. Суши
7. Вино
8. Пуканки
9. Кафе
10. Авокадо
Ако тргнеме од претпоставката дека интересот за калориската вредност е најчесто за храната која се консумира, тогаш можеме да заклучиме дека оваа година, за разлика од лани, има се повеќе поздрави избори и заинтересираност за поздрава храна.
Имено во 2012 година на истава листа се најдоа “Мек Доналдс”, “Сабвеј”, водка и други нутриционистички посиромашни продукти.