Mountain climber- задолжителна вежба во тренингот
Mountain climber е одлична вежба која може да биде дел од основниот сегмент или како дел од загревањето или подготвителната фаза. Оваа вежба е интегрална и активира неколку групи на мускули.
Припаѓајќи на групата калистенични вежби кој по својот дизајн активираат на различен начин (контракција) повеќе групи на мускули, mountain climber е одличен за понапредни вежбачи кој имаат доволно муслулна сила во горниот и долниот дел од телото за правилно да ја изведат.
Ваквите вежби се изведуваат без помош на машини и помагала и се наменети за подобрување на повеќе психомоторни сегменти како координација, сила, издржливост (општа и локална) и флексибилност.
Придобивки:
- Зголемување на стабилноста во колковите и трупот
- Зголемување на мускулната издржливост
- Подобрување на општата кондиција
- Придобивки кон специфичните спортските перформанси
- Превентивно делува против повреди
Изведба:
Од позиција на штица (планк) со испружени раце направете флексија во колкот и доведете го едното колено во висина на градите. Наизменично менувајте ги нозете и ритамот односно темпото. Од него ќе зависи и кардиоваскуларната компонента на вежбата.
Направете 3-6 серии од по 30-60 секунди со пауза од 60 секунди помеѓу изведбите.
Постојат повеќе варијации на оваа вежба. Во ова видео можете да видите некј од нив.