Второ ѕиркање во опремата од идната година
Дел од она што го најдовме на нет што беше закажано да се појави на Outdoor Retailer, саемот за сè и сешто кога е во прашање спортската и аутдор опрема ви го прикажавме тука. Еве го вториот дел, после одржување на саемот.
The Hydrogen Reactor од Brunton – полнач за батерии кој работи на реактор и произведува струја од водород и кислород.
Proto Jaket – јакна која комбинира материјали отпорни на вода, што дишат, што рефлектираат светлина, а дизајнирана е во Милано.
Vibram LED Ѓон – ЛЕД сијалички кои по потреба може да се вклучат за да ви го осветлат патот додека трчате ноќе.
The Thule Round Trip Elite – за да си го носите точакот кај сакате, а монтирањето за да биде лесно вклучен е и држач.
BOA насекаде – системот за затегнување кој кај и да е ќе ги замени врвците ќе се рашири и во медицинските помагала.
CamelBak – термос, нов, фенси дизајн.
Tensing Flight – цвикери за бејс џамп
FlameStower – Струја од оган
TACTIKKA +RGB челна ламба од кој друг ако не Petzl – свети во три различни бои.
Фенер од Зипо (Rugged Lantern) – метален кафез, гумирани агли, водоотпорна. Претставен како најиздржлив фенер што се очекува на пазарот