Боата расте поголема

Фирмата која што пред десет години го измисли уникатниот систем за врзување на сноуборд кондурите со она мало кругче кое служи за затегање на врвцата тек сега почнува да експандира, а на употребната вредност на системот за затегање како да му нема крај.

Првично, уникатниот систем за затегање на сноуборд кондури Boa беше лесно да се претпостави дека ќе скокне и на скијачките, но ситуацијата со дизајнерските имагинации во фирмата оди далеку од ова. Впрочем, и самиот производ како сам да си го наоѓа патот до другите сфери на спортот и животот.

Системот за врзување го имаат искористено на сноуборд шлемови, за подесување на големината, веќе стана и дел од некои спортски патики (за трчање, алпинизам, велосипед), и спортски ракавици (било за возење велосипед, моторцикл итн.).

Следат, разни протези и простетични помагала  кои го имаат овој систем, бандажери за повреди на разни зглобови, ранци, шатори, голферски патики, па дури има и потковица (систем, чевла за копито) кој го има системот за затегање.

Фирмата веќе има 130 бренд партнери од 25 категории, а досега има исфрлено околу 800 различни продукти.

Инзвонредната едноставност и големата употребна вредност на системот ја внесува фирмата во втората успешна декада каде се очекува овој производ да се најде не само во спортската сфера, туку и на останатите полиња од човештвото.