Падна брзинскиот рекорд на Монт Блан

Од денеска, 11 јули 2013 официјалниот рекорд за најбрзо качување и симнување на Монт Блан е 4 часа и 57 минути, а го постави младата ултра тркачка машина, Килиан Жорнет.

Килиан Жорнет е човекот кој што успеа не само да се качи, туку и да се симне од „Белата планина“ за пократко од 5 часa. 

Првично, тој ја искачи планината заедно со неговиот пријател Матео Жакемуд за време од 3 часа и 33 минути, при што покриле 3800м. вертикална дистанца и 8000м. хоризонтално плато. Во просек, брзината на качувањето изнесувало повеќе од 1000м на час.

На враќањето, Матео се лизнал и повредил при што не бил во можност да го брка времето со Килиан, кој продолжил. 

Никој не очекувал дека највисоката планина на Алпите ќе може да се качи и симне за помалку од 5 часа, но Килиан успеа да ја симне рутата за 1 час и 24 минути и да го постави новиот брзински рекорд.

Претходниот рекорд стоеше 23 години од Швајцарецот Пјер Андре Гобет кој беше поставен на 21 јули 1990 година. Килиан успеа да скине 14 минути од рекордот на Гобет.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија