Наслов

Супер-момчето од Каталонските Пиринеи

Кога некој ќе спомне издржливост или надчовечност, имедијатно помислете на ова младо момче кое на 25 години веќе има поставено рекорди и резултати кои тешко дека некогаш ќе се срушат.

Килиан Жорнет Бургада е најдоминантната атлета на неговата генерација. Во период од осум години тој има освоено повеќе од 80 трки, земено 16 титули и има поставено дузина брзински рекорди на дистанци за кои на нас, обичните смртници би ни бил потребен авионски билет. А денеска, тој има само 25 години.

За каталонското момче може да се каже дека претставува кралот на ултрамаратоните, трчањето на планина, брзинското качување и општата физичка подготовка. Тој израснал на шпанските Пиринеи, па едноставно природно ги има физичките карактеристики за да биде во врвот на ултрамаратоните.

Каталонецот има истрчано преку цели масивни копнени предели како Корзика и Пиринеите скоро и без пауза. Редовно трча по цел ден, јадејќи само диви бобинки и пиејќи вода од извори.

Минатата година во септември, Килиан се префрли на турбо качувајќи се на Монт Блан од Коуртмајер и симнувајќи се до Шамони преку стазата The Innominata за 8 часа и 43 минути. За да го поставиме ова во перспектива, на најобичните планинари им требаат по неколку дена да ја завршат оваа цел.

Тука се и рекордот на Килиманџаро, првото место на Ultra Trail du Mont Blanc во 2008, 2009 и 2011 година и мал милион други сериозни резултати кои може да ги погледнете тука.

За време на зимата, младото момче ги олабавува врвците од патиките и се префрла на спортот од неговите почетоци, ски-планинарење кое само се надоврзува во неговите надчовечки капацитети.

Еве еден мал куриозитет за машината на Килиан. Докторите се малку зачудени со една физиолошка ставка која ја поседува Жорнет. Неговото максимално VO2, односно можноста на организмот да консумира кислород е далеку над просечните бројки. Просечен маж има VO2 max 45 до 55 ml/kg/min. додека Жорнет има 89,5 ml/kg/min. Огромниот потенцијал за искористување на кислородот му ја дава ненормалната аеробна издржливост на Килиан.

Бидејќи веќе ги има пречкртано сите трки од неговата листа на желби, Килиан се стреми во наредните четири години да го исполни проектот Summits of my Life каде што има намера да ги постави брзинските рекорди за качување и симнување на најпознатите светски врвови од Матерхорн, до Еверест.

Еве мало видео за него...

26 Април 2013

За авторот