Резистентен скроб – трета генерација диетални влакна

Нутриционистичката фела во последно време го врти погледот кон откритието наречено резистентен скроб, и сосема го сменија мислењето во врска со продуктите кои се богати со јагленохидрати за кои се мислеше дека се диетална катастрофа.

Отпорниот скроб е дел од многу овошја, зеленчуци, житарки и легуминози кој за разлика од другите јагленохидратни макроелементи не се дигестира целосно во човечкиот дигестивен тракт.

Молекуларно, тој е сличен на јаглехидратите, дигестијата му е иста како и диеталните влакна (растворливи и нерастворливи), а тоа значи дека само поминува низ дигестивниот тракт. И токму поради ова, нутриционистите почнуваат да го класифицираат како третиот вид на диетални влакна.

Она што е интересно е тоа што овој вид на скроб има нешто што го немаат двата вида на диетални влакна. Откако ќе се најде во дебелото црево, овој вид на нутрициенс започнува да се ферментира со што се формира многу полезната масна киселина бутират.

Оваа киселина има можност да го намали употребувањето на јагленохидрати од страна на црниот дроб како примарен извор на енергија, и последователно да ја зголеми употребата на мастите како извор на енергија.

Една студија покажала дека со заменување на 5,4% од вкупните јагленохидратен внес во еден оброк со резистентен скроб, се зголемила оксидацијата на мастите (искористување на мастите) за 20 до 30%.

Исто така, други испитувања на животни докажале дека овој тип на скроб има потенцијал да ја зголеми продукцијата на хормоните кои не прават сити, со што сè на сè може да се каже дека овој тип на скроб помага и те како во регулирањето на тежината.

 

Oтпорниот скроб помага во превенирање на појава на запек и промовира подобро здравје на дебелото црево и се верува дека може да превенира некои видови на рак на дебело црево. Докажани се и полезните ефекти на овој нутрициенс врз нивоата на шеќер во крвта и инсулинската резистентност кај луѓето со дијабетес тип 2.

 

Овој вид на скроб може да се најде во многу природни продукти како овесните снегулки, малку позелените банани, полнозрнестите житарки, легуминозите (грав, грашок) и компирот.

Иако сè уште не се поставени стриктни препораки за овој вид на скроб, докажано е дека внесувањето на 6 до 12 грама на ден помага во регулирање на шеќерните нивоа, додека за полезните ефекти врз дигестивниот систем потребни се над 20 грама на ден.

На крајот на краиштата и не било сè така црно кога во прашање се јагленохидратите и нивните ефекти врз нашиот организам. Резистентниот скроб може да биде отскочната даска за промената на ставот за овој вид на храна.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија