Охрид повторно домаќин на голем триатлон настан

Втора година по ред Охрид ќе биде домаќин на голем настан во триатлон.Триатлон федерацијата на Македонија на 6 и 7 јули покрај Билјанините извори во Охрид ќе го организира ЕТУ Триатлонскиот европски јуниорски куп и Отвореното национално првенство 2019 на Македонија.

Одличното искуство од ланското ЕТУ Балканско првенство што го реализиравме на истата локација, нè мотовираше и оваа година да направиме уште еден натпревар со кој триатлонската зедница во нашата земја ќе се гордее. Стартот и целта на натпреварите ќе биде на Buffalo Beach, во Билјанини извори.

Пријавувањето за Јуниорскиот европски куп во машка и женска конкуренција се реализира преку националните федерации. Трката наменета за јуниори, родени помеѓу 2000 и 2003 година ќе се состои од: 750м пливање, 20км велосипед и 5км трчање.

Сите заинтересирани триатлонци и спортски ентузијасти можат да се пријават најдоцна до 1 јули (23:59:59) на https://www.smartrace.club.

На Отвореното национално триатлон првенство, натпреварувачите ќе бидат поделени во категории според возраст:

* Сениори (1999 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање

* Рекреативци (2003 и постари): 750м пливање, 20км велосипед, 5км трчање
• 1.категорија – родени 2003-1990г.(29-годинии и помлади)
• 2.категорија – родени 1989-1980г.(30-39 години)
• 3.категорија – родени 1979-1970г.(40-49 години)
• 4.категорија – родени 1969г. (50+ години)

*Кадети (2004-2006): 375м пливање, 10км велосипед, 2,5км трчање
*Деца 2 (2007-2010): 175м пливање, 4км велосипед, 1км трчање
*Деца 1 (2011 и помали): 75м пливање, 2км велосипед, 0.5км трчање

————-

Програма
Сабота, 6.јули:
10:00-14:00 – Регистрација и подигнување на стартни пакети, Хотел UNIQUE Resort & Spa
13:00 – Запознавање со велосипедската патека
14:00 – Запознавање со пливачката патека
16:00-20:00 – Регистрација и подигнување на стартни пакети, Хотел UNIQUE Resort & Spa
17:00-17:45 – Брифинг за кадетската и детските трки
17:45-18:30 – Брифинг за јуниорската трка од ETU Triathlon Junior European cup конкуренција
18:30 -19:15- Брифинг за сениорската и трката за рекреативци

Недела, 7.јули:

08:00 – Старт : Сениори и Рекреативци
10:30 – Старт : Детски трки
11:45 – Старт : Кадети
14:00 ETU TRIATHLON JUNIOR EUROPEAN CUP – женска конкренција
17:00 ETU TRIATHLON JUNIOR EUROPEAN CUP – машка конкренција

За сите подетални информации, следете нѐ на:
https://www.facebook.com/events/2323853824343520/

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија