Македонската триатлон федерација со одлична организација на ЕТУ Балканското првенство во триатлон во Охрид

Македонската триатлон федерација заедно со Спорт за сите – Сите за спорт од Охрид го имаа исклучителна реализација на ЕТУ Балканското првенство во триатлон. Учесници од над 20 држави се натпреваруваат во текот на викендот.

Голем број на натпреварувачи ги завршија триатлонските натпревари во различни категории. Во Елит категоријата (1998 и постари) имаше 750м пливање, 20км возење велосипед и 5км трчање, во Јуниори категоријата (1999-2002) исто со 750м пливање, 20км возење велосипед и 5км трчање, а во категоријата за Кадети (2003-2005) 375м пливање, 10км возење велосипед, 2,5км трчање.

На кадетскиот Балкански Куп Емир Арици, Габријел Барац и Таха ерен Чошгун беа на подиумот од машка категорија. Од женска 3-те клучни позиции ги земаа Илкбен Сариташ, Лана Гравриловиќ, Сара Сзабо. Најдобри од женска категорија на Балкански и ЕТУ куп за јуниорки беа Тјаша Вртациц, Тил Очвирк, Ивана Граноша, а за машка Лука Гргориниц, Јан Шкрјанц и Ерик Рогоз Лоринц. Од елит категоријата во машка конкуренција победија Огњен Стојановиќ, Пеер Сонксен и Јакопо Бутурини, а во женска Вида Медиќ, Ипек Озтосун и Еце Цалп.

На 16-ти септември се оддржа натпреварувањето по возрасни групи, за деца под 12 години и штафетниот триатлон во мешани парови. Резултатите од возрасни категории беа:

– до 30 години прв беше Кристофер Даглас, втор Лука Гаревски и трет Кирил Дичевски од мажите, а прва беше Јелена Томашевиќ и втора Ања Еклер од жените.

– од 30 до 39 години прв беш Евгениј Василев, втор Метин бариш Илхан и трет Никола Кутановски од мажите, а прва Гулчин дениз Салпар и втора Илина Арсова од жените.

– од 40 до 49 години прв беше Игор Димовски, втор Хакан Алп и трет Миливојевиќ Дејан, а од жените прва беше Антонија Брезовска, втора Зејнеп Ајкан и трета Гунце Топал.

– над 50 години имаше натпреварувачи само од машка конкуренција и прв беше Младеновиќ Драгиша, втор Зекаи алптекин Тан и трет Мехмет Акарцала.

Од штафетниот маратон првото место го освои тимот од Хрватска, а второ и трето место го освоија 2 различни тима од Турција.

Во детска категорија под 12 години се натпреваруваа околу 30 деца и целата атмосфера беше исполнета со среќа и радост. Овој триатлон ќе ги охрабри на спортскиот и здрав начин на живеење, а можеби некои од нив се веќе мотивирани да станат следните прваци.

Од 13-ти до 15-ти септември се одржа и семинар за едукација на меѓународни судии. Во истиот учество земаа 28 судии од поширокиот регион, меѓу кои и Македонија успеа да го збогати своето судиско раководство.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија