Искачена Аконкагва како аклиматизација за македонскиот брзински обид

Овој викенд на 09.02.2019 Александар Кирковски и Димитар Тодоровски успеаја да го искачат највисокиот врв во Јужна Америка како припрема за брзинскиот обид што следува.

Кирковски и Тодоровски се искачија по стандардната рута почнувајќи од вториот висински камп Нидо де Кондорес на 5400 м.н.в, прескокнувајќи го третиот на висина од 6000 метри – Плаза Колера.

„Искачувањето се одвиваше по стабилни временски услови а на врвот имаше ветер до 50km/h и температура околу -30 Целзиусови степени” – вели Кирковски. „Со класична планинарска опрема како дел од аклиматизацијата ми требаа 6 часа и 42 минути, а на Димитар близу 9 часа за искачувањето од вториот висински камп до врвот.” Димитар воедно е и најмладиот Македонец кој го има искачено врвот Аконкагва – 6960. 

Останатите наши планинари Маријана Ѓорѓиевска, Владимир Јованоски и Стоилко Стоицев се веќе аклиматизирани и чекаат услови за искачување на врвот. 

Очекуваме повеќе информации во следниот период. 

Запис од движењето

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија